Нострадамус ги одговара вашите прашања: Мапа со волшебни броеви која ги решава дилемите
Мишел де Нотр Дам, познат како Нострадамус, бил астролог, лекар и алхемичар, но станал познат во целиот свет благодарејќи на неговите пророштва. Неговите предвидување се остварувале во минатото и со голема прецизност продолжуваат да се остваруваат и денес. Нострадамус пишувал пророштва во метафори, а се смета и дека претскажувањето на судбината по круг исто така ја смислил тој, иако не постојат писмени или усни докази за тоа. Меѓутоа, овој метод е едноставен и изненадувачки точен. Затворете ги очите, концентрирајте се на прашањето кое моментално ве интересира и ставете го прстот во областа на кругот. Бројот што ќе го погодите е одговор на вашето прашање.
1. Да. Вие припаѓате на оние луѓе кои не ја губат своите сталоженост и разум, дури и во најтешките ситуации. Затоа, не кревајте ги рацете од решавање на своите проблеми, затоа што имате издржливост и трпение. Ве чека успех и затоа имајте доверба во себе и во другите.
2. Да, но не денес и не утре. Некој стои на вашиот пат и се обидува да ве збуни. Не сфаќајте го премногу сериозно, но исто така не го потценувајте. Избегнувајте конфликти и обидете се да најдете позитивно решение за своите проблеми.
3. Да. Случувањата во текот на наредните денови ќе ги надминат вашите очекувања. Ако почнете паметно да ги користите своите резерви на енергија, а не да ја трошите на неважни работи, вие ќе бидете во предност. Во секој случај, имајте трпение и издржливост, како во однос со самите себе, така и со другите.
4. Да. Во овој момент изгледа дека среќата ви се насмевнува. Затоа, немате причина да се сомневате во позитивните резултати. Среќата ќе ве прати уште долго. Уживајте во неа.
5. Точно. Во овој момент премногу внимание обрнувате на мислењето на другите и затоа ги пропуштате пријатните ситуации. Не чекајте предолго и дајте им до знаење на другите дека мора да ве почитуваат вам и вашето мислење. Мали тактички игри само доведуваат до забуна и ви штетат на меѓусебната доверба.
6. Сѐ ќе оди малку потешко отколку што очекувавте. Ќе тргнете од погрешни претпоставки и другите луѓе ќе го гледаат тоа во сосема друго светло. Затоа, неопходно е да сослушате добар совет од ваша блиска личност и да не дозволите да бидете водени од лажна надеж.
7. Сега засега ова прашање не може да се реши. Дајте си време и не полнете си ја главата со дополнителни незрели проблеми. Обидете се да уживате во моментот и подоцна сѐ ќе се реши. Ако сте многу загрижени, побарајте повторно помош од овој магичен круг за околу една недела.
8. Внимателно. Обидете се да не верувате во сѐ она што ви го кажуваат. Држете се на далечина од некои работи. Денес сѐ околу вас ви изгледа подобро, отколку што навистина е. Бидете внимателни и внимавајте подоцна да не се разочарате.
9. Нема сомнеж, но ќе ви биде потреба помош. Зборувајте со некој добар пријател за проблемите што ве мачат, затоа што тој е објективен и подобро ги согледува работите.
10. Да, но не дозволувајте да бидете во заблуда. Покажете повеќе самодоверба и сигурност и сѐ ќе биде во ред. Во овој момент можете целосно да се потпрете на вашата интуиција. Подоцна нема да доживеете ниту најмало разочарување.
11. Прашањето е поставено премногу рано. Засега, оставете го на страна, затоа што уште не е созреано. Бидете попустливи и ќе ве ценат поради тоа.
12. Возможно е. Сѐ напредува побрзо и попозитивно отколку што замислувавте. Важно е да не се обидувате да оставите впечаток на незаинтересирана личност. Обрнете внимание: Некој искрено се обидува да стане ваш пријател.
13. Сѐ ќе се случи онака како што е планирано. Вие делувате неодлучно и тоа ги доведува до заблуда некои ваши пријатели. Тие ве сметаат за непредвидлива личност, а тоа не ви оди во прилог. Уништете ја оваа слика. Ве сакаат повеќе отколку што мислите.
14. Сѐ ќе биде добро. Но само во случај ако самите покажете активност. Дозволено е сѐ, но не и одложување. Преземете ги работите во свои раце и изненадете ги сите со својата ефикасност и богати идеи.
15. Да, можете да се потпирате на вашата среќа. Ве очекува поволен пресврт на судбината. Сега не морате ништо да измислувате, туку само да чекате. Избрзаните дејствија ќе ве однесат во погрешен правец и може да ви наштетат.
16. Сета надеж ќе ви биде исполнета. Но, на апсолутно поинаков начин отколку што замислувавте. Затоа, бидете спремни за какви било промени и не фокусирајте се само на една поставена цел. Покажете флексибилност и не отфрлајте ниту еден комплимент.
17. Прашањето е и понатаму отворено. Потребно е внимателно да размислувате за своите желби, затоа што вашите чувства не се целосно созреани. Затоа, премногу очекувате од другата страна. Во наредните денови сѐ ќе остане без промена. Но, една среќна околност може да го разјасни вашиот проблем. Внимателно слушајте го вашиот внатрешен глас.
18. Кај вас може да настанат потешкотии. На прв поглед дури ќе бидете и разочарани, но тоа не значи дека вашите шанси се еднакви на нула. Напротив, разочарувањето ќе ви даде поттик за позитивен развој. Вашиот круг на пријатели расте, станува подобар и постабилен.
19. Недовербата и лутината сѐ уште се далеку од вас. Но, ако набргу не се ослободите од сопствените сомнежи, многу ќе погрешите. Ако ве премине среќата, виновна за ова може да биде вашата преголема скромност и несигурност. Отфрлете ги! Бидете отворени и пријателски настроени со другите луѓе.
20. Да. Во овој момент, среќата е на ваша страна. Затоа, нема ниту една причина да се сомневате во поволен резултат. Уште долго ќе уживате во среќниот период.
21. Да. За конечно да ја постигнете целта, останува да вложите само уште малку труд. Бидете смели, ризикувајте и сигурно ќе успеете. Бидете внимателни кон сѐ она што се случува околу вас и имајте предвид дека случајности не постојат. На овој свет ништо не е случајно.