Нормални девојки: Тие не се ниту луди ниту обични
Ваквите девојки се од оној тип што по раскинување нити ќе ви ги дупнат гумите, нити ќе ви ја запалат куќата. Мали се шансите да објавуваат Инстаграм фотографии од нив заедно со нивниот партнер. Не се луди, но не се ни целосно нормални. Тие се по нешто од двете и некаде на средина. Постојат многу вакви девојки, а еве кои се нивните карактеристики.
1. Не се заљубуваат премногу силно или премногу брзо – Не затоа што се емоционално оштетени туку затоа што се рационални човечки суштества кои сметаат дека не е логично да се заљубиш во некој кој не го ни познаваш.
2. Ладни се и понекогаш го замрзнуваат партнерот – Тие се толку опуштени што нивното момче се прашува дали воопшто ѝ се допаѓа.
3. Немаат премногу агресивни емоции – Секако дека се лутат, но да бидат толку лути што ќе му го запалат половиот орган? Ваквите чувства на овој тип девојки не им се јасни.
4. Не се лесно забележливи – Не се во постојана потрага по внимание, па затоа е малку потешко да ги забележите. Не изгледаат заводливо додека пијат коктел во бар и не играат несмасно на маса притоа повикувајќи ги момците отспротива на секс. Тие се таков тип девојки со кои тој може да зборува цела ноќ откога ќе сфати дека не може да остане во близина на лудите девојки повеќе од 30 секунди.
5. Тие се оние девојки кои доцна сфаќаат – Ја гледале љубовта на нивниот живот како се жени и се разведува пред да сфатат (секако после 5 години пријателство) дека имале романтични чувства за него. И потоа чекаат уште неколку месеци за и тој да почне така да се чувствува.
6. Постојано се наоѓаат во зоната на пријателството – Тие не се девојки поради кои мажите се жалат, туку мажите ним им се жалат. И секако имаат пакт за стапување во брак (ако двајцата сме сами на 30 години…)
7. Не се здодевни, но нема ни да го полудат – Спремни на сѐ и едни од поретките девојки кои искрено знаат да го насмеат. Никако не се здодевни, но не му го зголемуваат адреналинот затоа што провалиле во неговиот дом во четири часот наутро.
8. Имаат преголемо разбирање – Тој е банкар кој работи 15 часа дневно. Овие девојки никогаш не би го терале да ја носи на романтичен состанок во работен ден, тие разбираат дека тој има зафатен живот.
9. Тие се убави, не се секси – Тие се слатки и неодоливи. Тие се атрактивни и убави. А што не се? Секси. Тие не се секси.
10. Претерано размислуваат – Постојано се анализираат себеси за да бидат сигурни дека не се премногу екстремни. Се трудат да бидат автентични, но на крај се губат себеси.
11. Никого не влечкаат – Никогаш не би се задоволиле со помалку од она што го заслужуваат – тоа им нема смисла. Зошто да трошат време на некој кој воопшто не ги интересира?
12. Не се во постојана потрага по внимание – Всушност, вниманието од некој за кој не се заинтересирани физички им е одбивно.
13. Не се зависни од драма и тоа ги збунува сите – Додека другите девојки озборуваат, тие кажуваат нешто чудно како „Мене ми се допаѓа вкусот на лебот“ затоа што не можат да смислат нешто попаметно. Драматизирањето ги плаши и како сите рационални луѓе, овие девојки веднаш „бегаат“ од врската истиот миг кога ќе стане премногу драматично.
14. Тие сакаат да се дружат со нивните пријатели, барем повеќето вечери – Не користат изговори за да избегнат средба со некое момче или за да дадат повеќе време за да го излечат нивното рането срце. Не, тие само сакаат да се дружат со нивните пријатели. Тоа е сѐ.
15. Не можат да сфатат зошто некој би им пишал само „здраво“ – И тогаш (уште од овде започнуваат претерано да мислат) имаат некое имплицирано очекување дека ќе следува неговата здодевна ретроспектива на неделата. Но, нив не ги интересира што јадел тој за ручек и не гледаат причина зошто би зборувале 20 минути за тоа.
16. Кога ќе речат „ОК“ тие навистина го мислат само тоа и никој не може да ги сфати – Тие не се обожаватели на непотребни пораки. Не велат ОК затоа што се некултурни, туку затоа што се сложуваат со она што личноста претходно го рекла. Не гледаат потреба за продолжена дискусија. А не се нити лути, нити тажни.
17. Не ја објавуваат секоја ситница на социјалните мрежи – Овие девојки ќе го изедат најневеројатниот и најубавиот сендвич на целата планета и нема да објават ниедна фотографија од него. Без слики и без духовити наслови. Веројатно само тие и луѓето кои биле со нив знаат за тој сендвич. Колку мистериозно и необично.
18. Не си играат игри – Тие не изигруваат недостижни, туку навистина забораваат да вратат на пораките.
19. Луѓето не можат да ги разберат затоа што не припаѓаат на ниеден стереотип – Не знаат како да ги категоризираат затоа што општеството нема категорија за таквите типови. Постојат „луди кучки“, „нормални девојки“, но не постои „нормална кучка“.
20. Тие се „материјал за мажење“, не се „материјал за девојка“ – Ниеден нормален маж не сака да го помине остатокот од неговиот живот со девојката која му ја изгорела колата. Нити пак сака постојано да се слика и да гледа видеа од мачиња со најдосадната девојка на планетава. Здодевната девојка можеби сега за сега е забавна, но мажите на крај завршуваат со ваквите девојки. Тоа е всушност нивната категорија.