Ноќните птици живеат многу понездраво од ранобудните луѓе

Ноќните птици живеат многу понездраво од ранобудните луѓе

Ноќните птици често се обвинувани за мрзливост и неодговорност поради доцното будење и лошото функционирање во утринските часови. Ова, се разбира, е сосема погрешно бидејќи најчесто станува збор за успешни и креативни луѓе.

Ноќните птици живеат многу понездраво од ранобудните луѓе

Сепак, овој животен стил не се совпаѓа со „вообичаениот“ и широко прифатен модел на работење и може да предизвика некои проблеми. Едно истражување спроведено во Велика Британија, во кое учествувале 430.000 луѓе, открило дека ноќните птици имаат 10% поголем ризик за смрт од ранобудните луѓе.

„Ова е прашање за јавното здравје кое веќе не може да се игнорира“, изјавил Малколм ван Шантс, еден од авторите на истражувањето.

Според Малколм и резултатите од истражувањето, на овие луѓе би требало да им се дозволи да доаѓаат подоцна на работа.

„Ноќните птици кои се обидуваат да живеат во светот на ранобудните, можат да имаат многу негативни здравствени последици“, изјавила Кристен Натсон, друг автор на истражувањето.

27% од испитаниците се опишале како ранобудни, 35% изјавиле дека се повеќе ранобудни, 28% кажале дека повеќе се ноќни птици, а 9% изјавиле дека дефинитивно се ноќни птици. Испитаниците ја навеле и нивната телесна тежина, навики за пушење и социјално-економскиот статус.

Истражувањето покажало дека здравото количество одмор е многу важно. Научниците заклучиле дека ноќните птици имаат поголема веројатност да развијат психолошки нарушувања, дијабетес, како и проблеми со желудникот и дишењето. Покрај тоа, овие луѓе се посклони на пушење, пијат повеќе алкохол и кафе и често земаат и нелегални супстанци. Причината за поголемиот ризик најверојатно е тоа што луѓето кои се будни до доцна имаат внатрешен биолошки часовник кој не е усогласен со нивното надворешно опкружување.

„Тоа би можело да биде психолошки стрес, јадење во погрешно време за телото, недоволно вежбање, недоволно сон, тоа што самите остануваат будни долго во ноќта, можеби и користењето дрога и алкохол“, додала Кристен.

Научниците истакнале дека на ноќните птици им е потребен посебен третман, односно пофлексибилни работни часови.

„Не ни требало да бидат присилувани да се будат за смена која почнува во 8 часот наутро“, заклучиле научниците.

Знаевте ли дека интелигентните луѓе многу често остануваат будни до доцна?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар