Ноќна прошетка низ Венеција
Венеција е доволно необично место за да привлече илјадници туристи кои секој ден се восхитуваат на сето она што таа има да го понуди. Но, градот којшто преку ден врие од туристи, навечер добива сосема поинаков амбиент.
Оние кои ја посетуваат Венеција попладне се прибираат во некое од соседните многу поевтини гратчиња каде што обично отседнуваат. Рестораните и кафулињата не работат до доцна во ноќта, така што веќе на полноќ владее тишина. Тоа е одличен момент за полноќна прошетка во која Венеција може да се доживее со сета своја грациозност низ призма на мистериозноста и магијата кои го носи ноќта.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.