Ноќевајте под отворено небо во фантастичен резорт во Јужна Африка
Додека многумина зимно време се опкружени со мраз, снег и непријатни студени температури, забавно е да се сонува за егзотични места за одмор како што е „Lion Sands Game Reserve“. Лоциран на Sabi Sand Reserve во Јужна Африка, ова е совршено место за бегство од реалноста. Овде можете да го набљудувате дивиот животински свет како лавови, нилски коњи и жирафи додека тие слободно се движат низ нивното природно живеалиште, а вие истовремено сте сместени во луксузен престој со поглед кој го одзема здивот.
Во одморалиштето можете да изберете да отседнете во некој од петте колиби и трите куќички на дрво, секоја со свое уникатно искуство. Колибите имаат огромни соби со приватни палуби кои гледаат кон убавините на Реката Саби и националниот парк Кругер. За поавантуристичките типови, куќичките на дрво овозможуваат спиење под отворено небо. Како што сонцето заоѓа и настапува ноќта, разните удобности, вклучително и отсуството на електрична енергија, ќе ви овозможат да чувствувате како да сте едно со природата.
Овој огромен простор е отворен за истражување, а резортот нуди бројни можности за сафари и тури скроени според вашите интереси. Фантастичниот резорт овозможува и спа-услуги, базени и прекрасно искуство додека јадете. Заедно со неговата околина, тој е дефинитивно место од соништата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.