Нинџа мачка: Обидете се да го најдете слаткиот натрапник на овие фотографии
Мачките понекогаш сакаат да си играат криенка, а тоа може да биде ужасно искуство за нивните сопственици. Но, писателката и комичарка, Грејс Спелман, нашла начин да го претвори сето тоа во забавна шега и да ја сподели традицијата што ја започнала со својата мачка Пјероџи.
Сѐ започнало во октомври кога Грејс и Пјероџи се вселиле во нова стан и љубопитното маче решило да ги истражи сите места во новиот простор. Притоа, мачката сфатила дека лесно може да се скрие од нејзината сопственичка и секој ден почнала да наоѓа нови места за криење. Грејс ја објавила нејзината потрага на Твитер и оттогаш секоја недела споделува нова епизода од серијата „Каде е Пјероџи?“.
Пјероџи е толку голем мајстор за криење што луѓето никако не можат да ја најдат на фотографиите! Обидете се вие да ја најдете оваа нинџа мачка која обожува да се крие.
Една фотографија за загревање: Можете да ја најдете Пјероџи?
Успеавте да ја најдете? Доколку ве мрзи да најдете, погледнете го одговорот.
Одговор
Еве каде се криел малиот натрапник!
Сега откако се загреавте, ние ве предизвикуваме да ја најдете Пјероџи и на следниве неколку фотографии…
Како ви оди досега? Успевате да ја најдете мачката? Продолжете на следната страница за да го довршите предизвикот…