Никогаш нема да признаете дека сте опседнати со вашиот телефон, но овие знаци го докажуваат спротивното
Во денешно време, со целата таа напредна технологија и достапноста на мобилни телефони, неизбежно сите стануваме премногу опседнати со нив. Започнавме сите секојдневни работи да ги завршуваме преку нив, проверувањето на банкарската сметка, купувањето од интернет, па дури и одењето во тоалет е незамисливо без мобилниот. Можеби вие мислите дека не сте опседнати со вашиот смартфон, но овие знаци го покажуваат спротивното.
1. Одењето во тоалет без него е незамисливо. Кенди краш нема да се игра сама. Па, поради тоа поминувате додатни 15 минути во тоалетот и кршите слатки. Па што?
2. Се карате со своите пријатели во автомобилот за тоа кој прв да го користи полначот. Разговорот не е многу долг. – „Еј мојот телефон има 15% батерија.“ – „Аха, но мојот има 12%, така што мојот оди прв на полнење.“
3. Почнувате да чувствувате фантомски вибрации. Дали мојот телефон штотуку завибрира? Сигурна сум дека почувствував вибрации во мојот џеб!
4. Вашиот албум е полн со скриншоти и интересни слики кои луѓето ги објавиле по социјалните мрежи. Ооо, па Кате мора да знае што пиша Славе за неа откако раскинаа (и го прекинаа своето пријателство на Фејсбук). Но што ако го избрише коментарот? Најдобро е да направам скриншот за секој случај.
5. Имате стотици непостирани селфи фотографии. Да, го разбираме ова. Потребно е да сликате 15 селфи фотографии за да изберете само една на која изгледате прекрасно. Другите ги чувате за секој случај, но признајте вие изгледате одлично и на останатите.
6. Го користите Тајмхоп за да ги постирате работите што веќе еднаш сте ги објавиле. Тоа беше смешно пред 5 години, но за вас сè уште е така.
7. Вашиот телефон константно ве известува дека немате повеќе меморија. Најверојатно тоа е поради 43-те апликации кои ви се потребни и 1.500-те слики во вашиот албум.
8. Потребно ви е да го ставате телефонот на нечујно или во друга соба за да можете да се сконцентрирате на проектот на кој работите. Во кризни ситуации, не може а да не знаете дека Кети ви напишала за нејзиниот состанок со Мартин. Вие сте сигурни дека тоа е многу поинтересно отколку досадниот проект кој треба да го завршите. Но, ако не се дистанцирате од телефонот никогаш нема да го завршите проектот.
9. Сакате да го забележите секој момент. Отидовте во маркетот да купите тоалетна хартија, па го оставивте Снапчет отворен за секој случај ако се случи некоја интересна работа.
10. Го поткрепувате секој аргумент со резултат од Гугл. Потоа, проверувате што вели и Википедија за тоа.
11. Дури и кога ги гледате темните облаци, ја отворате апликацијата за временска прогноза. Вие сакате да знаете колку точно време ќе трае дождот, колку ќе биде силен, колку ќе падне температурата…
12. Ги знаете најновите вести пред да ги дознаат вашите пријатели. „Дали слушна за но…“ – „Новиот албум на Тејлор Свифт? – „Да, прочитав на Твитер пред 10 минути. Веќе го споделив.“
13. Се чувствувате како да сте голи ако го заборавите вашиот телефон дома. Што ќе правите сега со вашите раце?