Никогаш нема да погодите колку чини венчавка пред замокот на Пепелашка!
Од овој викенд па натаму секој ќе може да ја почувствува магијата на приказната за Пепелашка со тоа што ќе може да се венча токму пред нејзиниот замок во Светот на Дизни. Кој не би сакал неговите соништа да станат реалност и да има венчавка како од бајките? Меѓутоа, изгледа соништата се доста скапи, бидејќи овој настан би ве чинел најмалку 75.000 долари.
Понудата е следнава: За да ја одржите церемонијата пред замокот, каде што може да собере 100 луѓе, и таа да започне во точно 9:30 часот наутро, треба да платите најмалку 25.000 долари. Во цената не се вклучени храната, пијалаците и другите трошоци, кои сè заедно би ве чинеле 75.000 долари. Ова се однесува само за церемонијата. Не може да имате и прием на истата локација.
Уште една важна работа: Може да ги додадете сите елементи вклучени во една венчавка од бајките, како што се влез на церемонијата во стаклената кочија на Пепелашка (2.950 долари за два часа), огномет за да го осветли кралството и сите Дизни ликови како придружба, но тоа не е воопшто евтино. Цените се однесуваат на еден час, и не го вклучуваат и бакшишот што ќе мора да го оставите.
Претходно во Светот на Дизни се одржувале венчавки и за 2.500 долари на различни локации во паркот, но оние коишто сакаат да се венчаат пред замокот ќе мора да располагаат со буџет кој ќе може им го дозволи тоа. Сè додека знаете што сакате, самовилите ќе ве придружат и ќе ви го овозможат тоа. Препорачливо е да закажете најрано 16 месеци однапред, за да можете без проблем да си одберете датум.
Кој не би сакал да биде Пепелашка, макар на еден ден?