Никогаш не вели никогаш за овие работи без барем еднаш да ги пробаш!

Никогаш не вели никогаш за овие работи без барем еднаш да ги пробаш!

Спаѓате во оној тип луѓе кој не сака премногу да испробува нови работи? Сакате да се држите до оние нешта што ви се проверени? Доколку постојано седиме во удобната зона, никогаш нема да дознаеме што се крие во нас и колку добро се носиме со предизвиците. Ваквата удобна зона не води кон трајни промени, ниту кон возбудливост и голема среќа. Ако донесовте одлука да ја напуштите удобната зона, ние ви нудиме 15 нешта кои морате барем еднаш да ги пробате! Никогаш не велете им никогаш пред да ги искусите!

1. Излезете сами на вечера, во кино или на некој спортски настан. Ако тоа некој денес го смета за непријатно, тогаш многу пропушта.

2. Самозадоволувајте се. Ако за некого ова уште е табу тема и непријатно – време е да дознаете дека може да се имаат исполнети сексуални соништа и без партнер.

3. Одете сами на одмор. Не мора да правите никакви компромиси односно можете да правите сè што ќе посакате – што има лошо во ова?

4. Бидете сингл подолго време. За многумина примарна цел и смисла на животот е создавање врска и семејство. Меѓутоа, тоа е само за оние кои никогаш не испробале нешто друго.

5. Имајте отворена врска. Изборот и алтернативите не се воопшто мали, или ова не ви е воопшто привлечно?

6. Дајте ѝ шанса на врската на далечина. Ако некој категорички ја исклучува врската на далечина, очигледно не верува во вистинска љубов – што поврзува двајца на голема оддалеченост.

7. Експериментирајте во креветот. Различни игри и играчки – кој не пробал, не знае како е.

8. Секс со повеќе луѓе. Со двајца мажи, со маж и жена, групен секс – звучи возбудливо, зарем не? Не мора да биде само дел од фантазиите.

9. Скокање од падобран во тандем. Совладајте ги сопствените стравови. Адреналинот, летањето и слободата после отворањето на падобранот додека светот под вас станува сè поголем и поголем е навистина посебно доживување.

10. Бањајте се голи во море. Ќе се чувствувате како риби во вода. Или барем приближно.

11. Отворено покажете ги „проблематичните зони“. Ако некој секогаш ги сокрива божем некаквите недостатоци (или вишоци) никогаш нема да сфати дека на другите тие воопшто не им пречат и дека најголемиот проблем е всушност во главата.

12. Одете на работа без шминка. Спијте саат време подолго и појавете се на работното место без шминка – веројатно за тоа ќе добиете и комплименти!

13. Јадете нешто невообичаено. Полжави, чоколаден крем со сирење, лубеница со скара – најлошото што може да се случи е да биде невкусно.

14. Гледајте филм на кој му го знаете само насловот. Без никакви дополнителни информации, рецензии, осврти на главното дејство или оцена од Интернет! Изненадете се.

15. Викенд без мобилен! Звучи грубо, но веројатно е дека после тоа ќе се чувствувате како нов човек – во позитивна смисла!

Дознајте кои се тие стравови што треба да се прифатат за да се излезе од зоната на удобност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар