Никогаш не се извинувајте за тоа што сте девојка која го следи срцето наместо разумот
Кога помислувате на девојката која има големо срце, која чувствува премногу, која, како што се вели, „го носи срцето на својот ракав“, тоа предизвикува многу претпоставки. Дека таа е пречувствителна, дека плаче на емотивните моменти и сцени во филмовите, дека се грижи за сите луѓе, дури и за оние кои не ги познава, дека се радува на секоја можност да помогне некому, дури и ако не ѝ дадат ништо за возврат… Таа ги чувствува работите толку силно и длабоко, што честопати тие чувства одлучуваат за неа.
Таа го следи своето срце, наместо разумот. Можеби понекогаш ќе помислите дека е импулсивна пред добро да ја запознаете нејзината љубезност, и на некој начин сте во право. Бидејќи главата ѝ вели „чекај“, додека срцето ѝ вели „тргнувај“. А, таа не е девојка која ќе остане мирна, кога срцето ѝ вели дека треба да оди некаде.
Но, да ја опишете едноставно како некој што има премногу чувства, преголемо срце и недоволно голема глава за да размисли за последиците е сурово и не ѝ дава никаква почит. Тоа е исто како да речете дека таа е само емоција. Како емоциите да не се валидни или силни, како да не вредат ништо. Вистината е дека девојката која го следи своето срце нѐ плаши бидејќи е похрабра од нас.
Девојката која го следи срцето, наместо разумот не се плаши од неуспехот. Таа е презафатена бркајќи ја авантурата, сакајќи ги луѓето околу себе и нема време да се грижи за работите кои можат да ја повредат. Таа повеќе се грижи за правењето работи што ги чувствува природно и не го троши времето анализирајќи опции кои можеби никогаш нема да се остварат. Таа го живее својот живот како што чувствува дека е правилно и нема време да се задржува на можноста дека нешто е погрешен избор.
Вистината за следењето на срцето е всушност пострашниот избор. Поризичната опција. Може повеќе да згрешите кога скокате пред да погледнете, кога сакате безусловно, кога чувствувате наместо да се препуштите на стравот. Тоа е посмелата опција, опцијата која е поверојатно да се врати и да ве нападне со негативност и болка.
Но, тоа е изборот којшто треба да се вреднува, а не потсмева.
Затоа, до девојките кои ги слушаат срцата, а не мислите, кои постојано даваат без да очекуваат ништо за возврат, кои без срам ги носат срцата на своите ракави и ги нудат слободно на секој во светот да си земе делче: Браво!
Вие сте храбри во свет кој честопати се обидува да ги обесхрабри и исплаши душите како вашите. Вие земате ризици во свет каде тоа е знак на бунт. Останувате љубезни и грижливи во нељубезен свет. Вие одите во првите фронтови на животната борба, иако сѐ што е реално ви вели да го направите сосем спротивното.
Никогаш немојте да се извинувате затоа што сте таква девојка. Никогаш немојте да сакате помалку за да се заштитите себеси. Никогаш не го потиснувајте тоа што сакате да го извикате најгласно. Бидејќи вие го слушате срцето, а не разумот. Бидејќи сте силни, смели, бестрашни. И на светот му требаат баш такви девојки.