НИКОГАШ не пијте алкохол во комбинација со енергетски пијалак!

НИКОГАШ не пијте алкохол во комбинација со енергетски пијалак!

Можеби оваа комбинација ви изгледа како добра идеја. Сте решиле да излезете уморни, по напорен ден на работа, па со цел да се забавувате и танцувате подолго време порачувате и енергетски пијалак покрај алкохолот. Но, дали знаете како оваа комбинација од кофеин и алкохол влијае врз вас?

НИКОГАШ не пијте алкохол во комбинација со енергетски пијалак!

Сама по себе, комбинацијата е опасна бидејќи постои ризик од неверојатни 600% за прескокнување во отчукувањата на срцето. Уште поголема опасност се крие и во илузијата дека вие сте многу потрезни отколку што навистина сте.

Луѓето кои мешаат енергетски пијалаци со алкохол редовно имаат субјективен впечаток дека не се многу пијани, за разлика од луѓето кои имаат консумирано иста количина на алкохол. Чувството на умор е знак дека треба да престанеме да пиеме, но енергетските пијалаци целосно го отстрануваат, па токму затоа во овој случај ние би пиеле многу повеќе мислејќи дека алкохолот не допира до нас.

Поради оваа илузија на трезност, поголемиот број од шоферите би решиле да седнат позади волан, бидејќи веруваат дека се во состојба да возат. Токму оваа ситуација често доведува до трагични последици.

Погледнете го следново видео кое ќе ви ги открие сите причини поради кои би требало да избегнувате да мешате алкохол со кофеин…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар