Ние го најдовме совршеното место за работа од далечина!

Ние го најдовме совршеното место за работа од далечина!

Доколку сте од оние кои им припаѓаат на дигиталните номади и не знаете од кој град би сакале да работите на далечина, можеби би сакале да прочитате за ова шпанско гратче кое ги нуди сите поволности.

 Ние го најдовме совршеното место за работа од далечина!

Шпанија има голем проблем со жителите кои ги напуштаат руралните области и се преселуваат во градовите. Во изминатите 50 години населението во шпанските села се намалило за околу 30 проценти. Станува збор за сериозен проблем што дури и има име за таквите области – „la Espana vacia” или „празна Шпанија“.

Во обид да го запре ваквиот тренд, општина во Јужна Шпанија презеде нови мерки. Така, општината Летур во провинцијата Албасете наскоро ќе почне да нуди поволни цени за изнајмување со цел да привлече нови жители. Цените се движат околу 300 евра месечно, а ќе бидат достапни околу 10 куќи со две или три спални соби.

Убавината на живеењето во Летур е тоа што ќе бидете опкружени со природа, а ова место се одликува и со богата историја и култура. Освен тоа, ќе имате и ниски комунални трошоци како и ниски цени на производите за широка потрошувачка.

Се очекува куќите да бидат завршени во следните месеци и да бидат достапни не само за шпанските туку и за странските државјани кои имаат право да живеат и работат во Шпанија или поседуваат шпанска работна виза.

Откако прочитавте за ова мало место, можеби ќе сакате да прочитате и зошто луѓето кои работат од дома се посреќни.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар