Незамисливата одлука на оваа невеста доби пофалби од сите мажи

Незамисливата одлука на оваа невеста доби пофалби од сите мажи

Фотографијата од невестата, која на денот на свадбата донела за многумина „незамислива“ одлука, со неверојатна брзина се рашири на Интернет.

Незамисливата одлука на оваа невеста доби пофалби од сите мажи

Бусола Џонсон на нејзината свадба изгледала како вистинска традиционална невеста во бела венчаница, но нејзината одлука била сѐ само не традиционална.

Имено, Бусола не се нашминкала за нејзиниот најважен ден во животот.

Незамисливата одлука на оваа невеста доби пофалби од сите мажи

„Одбив да носам шминка. И на мојот сопруг тоа му се допаѓа“, напишала таа на нејзината фотографија објавена на Фејсбук.

Фотографијата набрзо се раширила на Интернет и наишла на позитивни реакции од жените, но и од мажите ширум светот.

Незамисливата одлука на оваа невеста доби пофалби од сите мажи

„Ти си една во милион, тешко е да се најде жена како тебе“, гласи еден од коментарите.

За многу поранешни и идни невести оваа одлука е незамислива. Повеќето жени сакаат да заблескаат во полн сјај на денот на нивната свадба и со помош на шминка дополнително да ги нагласат сите главни адути на нивното лице, како што се очите, усните или едноставно да покријат некое мозолче.

Незамисливата одлука на оваа невеста доби пофалби од сите мажи

Мала е веројатноста дека жените целосно би се откажале од шминката, но Бусола на сите им покажа дека би требало помалку да се нервираме околу нашиот изглед, дури и во вакви ситуации кога сите погледи ќе бидат свртени кон нас.

Незамисливата одлука на оваа невеста доби пофалби од сите мажи

Бусола нѐ учи на една важна животна лекција дека постојат многу позначајни работи од оние површните, како што е надворешниот изглед. Дали доколку поминеме цел ден во нервирање околу фризурата и шминката ќе бидеме опуштени и ќе можеме вистински да уживаме во свадбата? Веројатно не. Во ред е да сакаме да изгледаме убаво, но тоа никако не смее да стане нашата главна преокупација поради која ќе ги заборавиме нештата кои навистина вредат.

Незамисливата одлука на оваа невеста доби пофалби од сите мажи


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар