Незаборавните детски игри од маалските улици - Part 4

Незаборавните детски игри од маалските улици

Игра: Џамлии

Краток опис: Има многу различни видови игри со џамлии, но онаа која најчесто се сретнува е кога играчите пробуваат да ги внесат сите свои џамлии во одредена дупка…

Правила: Прво мора да се нацрта една линија од која сите играчи стартуваат со своите џамлии, а на неколку метри од неа има издлабено дупка во земјата. Тие ја фрлаат својата џамлија со намера да стигне што поблиску до дупката. Џамлијата на играчот што ќе биде најблиску до дупката игра прв. Тој има право да фрла за да си ја внесе џамлијата во дупката, а потоа и да цели кон друга џамлија за да ја погоди. Ако ја погоди, го исфрла играчот со таа џамлија од игра. Ако промаши, на ред доаѓа следниот кој е најблиску до дупката. Со секое промашување целејќи кон друга џамлија, во следниот круг играчот почнува од местото каде му останала џамлијата, повторно целејќи прво кон дупката. Оној што ќе остане на крајот е победник.

Незаборавните детски игри од улицитe

Игра: Ноже

Краток опис: Освојување на територија со ноже.

Правила: Се исцртува кружно поле во тврда земја и се дели на еднакви делови колку што има играчи. Секој играч има свое ноже. Целта е да се забоде ножето во туѓо поле, а оној кому тоа ќе му успее, може да си отсече дел од туѓата територија и да си ја придодаде на својата. Ако не го забоде ножето, го губи правото на повторен обид до следниот круг. Побеник е оној што ќе ја освои целата територија.

Игра: Крадци и полицајци и Камај, камај

Краток опис: Во зависност од играта, во тим или индивидуално, играчите се „бркаат“ со пиштоли.

Правила: Во играта крадци и полицајци, играчите се распределуваат во два тима. На почетокот играчите од тимот на полицајците чекаат одредено време крадците да се скријат. Задачата на полицајците е да ги уловат крадците, така што ќе ги „застрелаат“ со пиштоли-играчки кои можат да бидат обични, на вода, а во некои случаи и со дијаболи. Крадците победуваат само доколку ги „елиминираат“ сите играчи од спротивниот тим.

Играта Камај, камај е многу слична, но тука нема тимови. Секој игра сам за себе и при „застрелување“ на некој играч мора гласно да каже „камај, камај“. Победник е оној кој ќе остане „жив“ последен.

Незаборавните детски игри од улицитe

Игра: Плочка (Школка)

Краток опис: Играчите мора да скокаат од едно во друго поле, без да ги згазнат линиите.

Правила: На земја се црта шаблон со креда, во кој броевите од 1 до 8 се распоредени во квадратчиња по ред. Некои од нив се во колона по едно, а други по две. Првиот играч од определено растојание мора да ја фрли плочката прво во квадратчето означено со број 1 за да започне. Доколку го погоди започнува со скокање во полињата (каде што има едно квадратче – со една нога, каде што се две едно до друго – со две нозе истовремено). Кога ќе се врати, мора да ја подигне плочката од полето. Потоа продолжува така што ќе проба да го погоди второто поле, па третото…сè додека не го промаши полето или не згази на линија. Во тој случај друг играч доаѓа на ред.

На крајот од шаблонот стои полукруг означен како „пекол“ и доколку падне плочката таму, мора да се почне од 1. На крајот од играта, откако ќе се поминат сите броеви, треба да се фрли надвор од пеколот, но кога ќе се тргне по камчето, не смее да се стапне во него. Скокот во овој момент се изведува со една нога. Победник е оној кој прв ќе ги помине сите квадратчиња и ќе се врати безбедно назад.

Игра: Вистина или предизвик и Вртење шише

Краток опис: Играчите мора да одговараат искрено на прашања или да направат некој предизвик.

Правила: Кога се игра играта Вистина или предизвик, оној кој ја започнува прашува играч по негов избор дали сака да му биде поставено прашање на кое ќе мора искрено да одговори или да му се зададе одреден предизвик. Откако ќе одговори или ќе го направи тоа што се барало од него, станува негов ред да одбере друг играч. До каде ќе одат границите на прашањата и предизвиците мора да биде договорено пред почетокот на играта за сите играчи да знаат што да очекуваат.

Вртење шише е исто како вистина или предизвик, но овој пат играчите не се одбираат сами, туку го препуштаат тоа на шишето. Таму каде што ќе биде насочено шишето – тој е на ред за одговарање на прашање или предизвик.

Незаборавните детски игри од улицитe

Игра: Како првиот – така другите и Огледало

Краток опис: Целта на играта е да се повторуваат движењата на активниот играч.

Правила: За време на играта Како првиот – така другите, еден играч прави некои движења кои останатите мора совршено да ги имитираат. Оној кој најлошо ќе ги направи излегува од игра. Победник е тој што ќе остане последен.

За огледало, правилата се исти, но овој пат се игра еден на еден. Во однапред одредено време нивните улоги се менуваат (на пример, на секои 2 минути тој што повторува станува активен играч) сè додека не се појави движење кое другиот не може да го направи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. wwjd Reply

    ubaviniiiiiiiii

  2. Христина Reply

    ејј со ластик најинтересно ми беше.. кој јаде кој јаде 😀

    иначе игравме и Жив.. слично на криенка само кога ќе најдеш некој го плукаш на рака, а ако некој те види од тие што се кријат, треба да те фати и да каже жив пред да го плукнеш и пак си ти на ред 😀

  3. Sanja Reply

    ahhhh da, da detstvo bas kako sto treba da izgleda, polno so igri, druzenje i smea :))))))))

  4. Иви Reply

    Лист, камен, ножички 😀

  5. Magi Reply

    koga eden zapochnuva rechenica ii drugite treba da ja prodolzhat povtoruvajkji gi predhodnite zborovi, ne mi teknuva kako se vikashe igrata 😀

Остави коментар