Незаборавните детски игри од маалските улици
Игра: Рас-двас-трас (Газенка)
Краток опис: Играчите мора да избегнат да бидат „згазени“ за да останат во играта…
Правила: Поголема група луѓе се држат за рака, притоа формирајќи круг и вртејќи се додека велат рас-двас-трас. Оној кој ќе каже прв „први“ додека отскокнува наназад, ја започнува играта така што пробува да згази некој од противниците. Скокот мора да биде од место, без залет и без дополнителни чекори. Истото важи и за оние кои скокнуваат за да избегаат. Доколку обидот е неуспешен, тој/таа одбира друга личност за да се обиде… Но, ако успее да згази некој играч, тогаш тој/таа е повторно на ред. Оние што се „згазени“ излегуваат од играта, а победник е тој што ќе остане последен.
Игра: Чвор (Јазол)
Краток опис: Поголема група играчи се испреплетуваат помеѓу себе така што се фаќаат за раце едни спроти други.
Правила: Играчите формираат мал круг и си поддаваат рака едни на други. Секој треба да држи по двајца различни личности. Откако ќе создадат „чвор“, тие треба да најдат начин како да се отплеткаат без да се пуштат. Играта завршува тогаш кога играчите ќе формираат круг, така што држејќи се за рака ќе стојат еден до друг.
Игра: Расипан телефон
Краток опис: Од уво на уво се пренесува одреден збор.
Правила: Играчот што ја започнува играта му шепнува еден збор многу брзо на тој што седи до него. Потоа тоа зборче се пренесува од еден на друг играч и последниот мора да го каже на глас. Доколку е успешно погодено, последниот станува „прв“ и тој го кажува новиот збор.
Игра: Јанино, јанино
Краток опис: Потребни се добри способности за скокање во воздух…
Правила: Еден играч е навален надолу, а останатите скокаат преку него. По секој успешен скок на соиграчите, тој по малку се исправува. Доколку некој не успее да го прескокне, тогаш тој го зазема неговото место.
ubaviniiiiiiiii
ејј со ластик најинтересно ми беше.. кој јаде кој јаде 😀
иначе игравме и Жив.. слично на криенка само кога ќе најдеш некој го плукаш на рака, а ако некој те види од тие што се кријат, треба да те фати и да каже жив пред да го плукнеш и пак си ти на ред 😀
ahhhh da, da detstvo bas kako sto treba da izgleda, polno so igri, druzenje i smea :))))))))
Лист, камен, ножички 😀
koga eden zapochnuva rechenica ii drugite treba da ja prodolzhat povtoruvajkji gi predhodnite zborovi, ne mi teknuva kako se vikashe igrata 😀