Незаборавни изјави на Саманта од хит серијата „Сексот и градот“
Секогаш своја и единствена, Саманта знаеше да нè насмее до солзи со своите сурово-искрени зборови за љубовта, врските, сексот. Нејзините изреки од хит серијата „Сексот и градот“, ја направија Саманта Џонс, улога играна од страна на Ким Картал, вистинска легенда. Ова се дел од најдобрите изјави на Саманта.
Здраво, моето име е Саманта и јас сум зависник од љубов.
Кери: Проклетство! Зошто таа девојка не ме остава на мира?
Саманта: Заборави на тоа. Ако јас се грижев што секоја кучка во Њујорк мисли за мене, никогаш не ќе излезев од дома.
Душо, толку гледаш наназад, што ти е потребен ретровизор за врски.
Мажите изневеруваат од иста причина поради која кучињата си ги лижат тестисите, затоа што можат!
Сексот со бившиот може да биде депресивен. Ако е добар, го немаш веќе. Ако е лош, само што имаше секс со бившиот!
Парите се моќ. Сексот е моќ. Затоа, земање пари за секс е едноставно размена на моќ.
Шарлот: Миранда роди момче!
Саманта: Баш тоа што му требаше на светов, уште еден маж!
Шарлот: Не ми се верува дека зеде екстази од непознат!
Саманта: Не беше непознат, тоа беше другар на другарот Боби на другар ми Боби!
Миранда: Ок, во тој случај е безбедно!
Кери: Велиш дека не би излегла со маж кој живее со своето семејство?
Саманта: Па… можеби со принцот Вилијам.
Вие фантазирате за маж со апартман на Парк Авенју и јако портфолио на берзата… Јас за пожарникар со добро, убаво црево.
Шарлот: Саманта, сè оди толку добро!
Саманта: Да, јас, Џејмс, и неговиот малечок пенис сме едно големо, среќно семејство.
Ти за малку ќе мастурбираше, него за малку ќе му се кренеше, заедно за малку ќе имавте секс.
Маж во бар: Може да ти купам пијалак?
Саманта: Имам, благодарам.
Маж во бар: Може да ти купам остров?
Саманта: Не знам, можеш?
Ало, пожарна? Горам.
Дечкото може лесно да те остави и ако сте спиеле на првиот состанок, и ако сте чекале до десеттиот.
Шарлот: Би откачила момче поради тоа што се бакнува лошо?
Саманта: Мораш! Ако неговиот јазик само стои така, што мислиш, што ќе прави неговиот пенис?
Саманта (во врска со сексот пред брак): Пред да купиш кола, ја носиш на пробно возење.
Од лично искуство. Ако изгледа предобро за да биде вистина, тогаш веројатно е!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.