Незаборавни цитати од Кристина Јанг, незаменливиот хирург од ТВ серијата „Вовед во анатомија“

Незаборавни цитати од Кристина Јанг, незаменливиот хирург од ТВ серијата „Вовед во анатомија“

Сите љубители на медицинската ТВ серија „Вовед во анатомија“, па дури и оние кои не ја следат редовно, многу добро знаат која е Кристина Јанг. Таа е пример за моќна жена, која може да ги оствари сите свои професионални цели и истовремено да биде среќна во својот живот. Како најдобра пријателка на Мередит Греј, ние имавме можност да ја видиме во секакво светло, како и да растеме заедно со неа. Таа беше и продолжува да ни е инспирација да се обидуваме да бидеме најдобри во тоа што го работиме, како и да се бориме за тоа што сме го заслужиле. Следуваат нејзините незаборавни изјави, кои со сигурност ќе ве навратат и на епизодата кога таа ги кажала.

Незаборавни цитати од Кристина Јанг, незаменливиот хирург од ТВ серијата „Вовед во анатомија“

„Се смеам, само не надворешно.“

„Сакаш да бидеш како мене, но не можеееш! Сакаш да бидеш како мене, но не можеееш!“

„Ах, заборави на убавото. Јас сум брилијантна. Ако сакаш да ме задоволиш, дај му комплимент на мојот мозок.“

„Како би требало да ги преживеам празниците без алкохол?“

„Ако нема храна, си одам дома.“

„Мразам мажи. Тие се глупави.“

„Кој вели дека треба да ми се допаѓа? Тој е мојот пријател за секс.“

– „Па, сакаш да бидеш големата или малата лажичка?“

– „Јас не сум лажичка. Јас сум нож. И ќе те прободам во окото!“

„Немам намуртен израз, моето лице е вакво.“

„Прилично добро не е доволно. Сакам да бидам одлична.“

„Време е за пиење.“

„Да бидеш свесен за своите проблеми и навистина да ги надминеш своите проблеми се две многу различни нешта.“

„Ако сакаш да престанат да ти се случуваат глупости, тогаш престани да прифаќаш глупости и барај многу повеќе.“

„Не дозволувај неговите желби да направат еклипса врз твоите. Тој можеби е како од соништата, но не е сонцето – ти си!“

„Замолчи и почни да танцуваш.“

„Дали да спијам или да се туширам? Би можела да спијам под туш, но исто така сум и гладна.“

„Никој не се грижи за тоа.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар