Невролозите потврдуваат: Плетењето е јога за мозокот
Ако некогаш сте се обиделе да исплетете нешто тогаш знаете дека ритмичкото темпо на плетењето си ја врши својата работа. За време на ова интересно хоби човекот како да паѓа во транс. Рацете се зафатени, главата е ослободена од непотребни мисли, а свеста е во стабилна состојба на рамнотежа.
Плетењето е умствена вежба за медитација и концентрација. Милиони жени ширум светот го практикуваат ова хоби поради неговите многубројни придобивки. Неврологијата потврдува дека плетењето е како јога, бидејќи неговото влијание е навистина силно.
Било извршено истражување во кое учествувале повеќе од 4.000 плетачи од целиот свет и резултатите покажале дека за време на плетењето многу често кај испитаниците се јавувало чувство на среќа. Луѓето кои се занимаваат со ова хоби се релаксираат, се ослободуваат од стресот и постигнуваат личен развој.
Дали сте знаеле дека ако плетете барем 3 пати неделно, нивото на анксиозност и стрес значително се намалува? Плетењето има неверојатни ефекти на емоционалната состојба, смирува и го дава долгоочекуваното чувство на хармонија. Освен тоа, ќе забележите позитивни промени во различни животни области:
- Ќе ви се подобри емоционалната состојба. Решавањето на психичките проблеми ќе ги зголеми вашите духовни извори.
- Вниманието и концентрацијата ќе станат ваши постојани придружници.
- Развојот на моторните способности ќе ви овозможи да ги извршувате домашните обврски за кои претходно не сте имале волја.
- Ќе ви се развие креативноста и ќе ви се манифестира на неочекувани начини.
- Вашата способност за самопроценка ќе достигне ново ниво. Чувството дека успешно сте ја завршиле работата и сигурноста во сопствената сила ќе ви ја зголемат самодовербата.
- Ќе станете потрпеливи и поиздржливи. Ништо нема да може да ја наруши вашата хармонија!
- Вашата меморија ќе се подобри, а мозокот ќе ви работи многу побрзо.
Плетењето не може да се спореди со ниту едно друго хоби. Многу научници веруваат дека плетењето им помага на повозрасните жени да останат присебни и да живеат подолго.
Плетењето може да ги победи депресијата и анксиозноста, а во тешки периоди ова хоби ќе ве спаси од многуте непотребни вознемирувања. Почнете да плетете и уверете се во неговите позитивни придобивки и самите.
Прочитајте ги и овие 10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок.