Невролозите откриваат: За време на есента сме попаметни во однос на останатите сезони
Силата може варира од сезона до сезона, но врвот на когнитивната активност се достигнува за време на есента. Барем тоа го покажуваат резултатите на студијата спроведена од страна на научници од Америка, Канада, Франција и Израел. Тие им задале когнитивни тестови и тестови за концентрација на 3.500 испитаници постари од 60 години.
Резултатите покажале дека нивниот мозок достигнувал максимална сила некаде при крајот на летото и почетокот на есента. Тие веруваат дека на резултатите можеби влијаеле светлината, температурата, нивото на хормоните или количината витамин Д.
Оние кои ги решавале когнитивните тестови за време на зимата имале 30% поголеми шанси за покажување благо когнитивно оштетување или деменција. На некои од испитаниците истовремено им истражувале и различни протеини кои се поврзани со Алцхајмеровата болест, па ова би можело позитивно да влијае во понатамошните истражувања во неврологијата.
И покрај тоа што не се сигурни за вистинската причина зошто резултатите се вакви, д-р Лим и останатите научниците во тимот тврдат дека оваа студија отвора нови можности за разбирање на начинот на кој мозокот го достигнува својот врв. Ова би можело да помогне при истражувањата за спречување или барем, намалување на развојот на Алцхајмеровата болест.
Научниците откриле и која храна го скратува животниот век.