Невработеноста ја менува вашата личност на полошо

Невработеноста ја менува вашата личност на полошо

Американската асоцијација на психолози излезе со тврдење дека невработеноста суштински ја менува личноста на човекот, и тоа на полошо. Студијата која го потврдила тоа била спроведена над 6.769 Германци кои направиле тест на личноста два пати во текот на четири години. 210 од нив биле невработени од една до четири години во тој период, а 251 нашле работа после едногодишна потрага.

Невработеноста ја менува вашата личност на полошо

Резултатите покажале влијание на невработеноста врз особините како екстравертноста, љубезноста, невротичноста, отвореноста и совесноста. Мажите кои биле дел од истражувањето покажале поголема емпатија и отвореност за соработка во првите две години од невработеноста во споредба со вработените мажи, но дошле до нивното ниво откако и понатаму не успевале да најдат работа. Жените дале слични резултати. Како што поминувало времето без работа, тие покажувале сè помала подготвеност за соработка, која поостро се намалувала во втората и третата година, но подоцна се враќала.

„На почетокот луѓето кои немаат работа сакаат да покажат дека се подготвени за соработка за да си обезбедат добивање нова работа. Меѓутоа, нивната чувствителност слабее после одредено време“, велат истражувачите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар