Невообичаени факти за светот коишто веројатно нема да ги сретнете во енциклопедија
10. Американската воена морнарица го има заменето стариот систем за контрола на подморниците со контролори од „Xbox 360“. Како резултат на тоа, војниците сега знаат да ги контролираат подморниците многу побрзо од порано.
11. Погледнете како се менувала стаклената амбалажа на шишето на Кока кола низ историјата. Првото шише од левата страна на фотографијата било пуштено во употреба во 1899 година, второто во 1900, третото во 1915, четвртото во 1916, петтото во 1957, а шестото во 1986 година.
12. Половина од луѓето коишто имаат 65 години, се сè уште живи. Ова е објаснето со фактот дека пред 20-от век, просечниот животен век во светот изнесувал од 33 до 39 години. Денес, луѓето живеат многу подолго како резултат на развојот на медицината.
13. Звучи неверојатно, но во папокот на луѓето има многу повеќе бактерии, отколку во тоалетот. Научниците, споредиле 10 папоци на волонтери, со бактериите коишто можат најчесто да се сретнат во тоалетите. Биле пронајдени неверојатни 1.500 видови бактерии во папокот, коишто претходно ѝ биле непознати на науката.
14. На крајот од Виетнамската војна, еден американски брод морал да исфрли хеликоптери во вода, со вредност од 10 милиони долари, за да може да слета пилотот и неговото семејство.
15. Многу малку луѓе знаат дека природната боја на коса на Елвис Присли била руса. Кога бил млад тој ја бојадисал својата коса црна, па затоа денес сите го помниме како темнокос мачо.
16. Возач на камион од Австралија доживеал срцев удар и искусил клиничка смрт. Тој поминал 12 дена во кома и во моментот кога докторите сакале да му ги исклучат апаратите, тој се разбудил. После тоа, тој добил автомобил на лотарија којшто вредел 17.000 долари. Локалната телевизија била импресионирана од неговата среќа, па решила да направи приказна за овој човек. Идејата на режисерот на приказната била човекот да го отстрани заштитниот слој на новa грепка на среќа пред камерата. Оваа грепка била исто така добитна, односно вредела неверојатни 170.000 долари. Денес, тој е познат како најсреќниот Австралијанец.
17. На почетокот од 19-от век, кечапот бил рекламиран како лек за дијареја, жолтица, лошо варење на храната и ревматизам. Згора на тоа, бил претворен во апчиња. Како и да е, подоцна било докажано дека ова е грешна информација, па оттогаш кечапот продолжил да се продава само како сос.
18. Некои луѓе веруваат дека е возможно да се предвиди полот на нероденото бебе, преку формата на трудничкиот стомак на мајката. Според оваа теорија, доколку стомакот расте само нанапред, тогаш бебето е машко, а ако повеќе расте од страните, е женско. И покрај тоа што ова е популарен факт, сепак сè уште се смета за погрешен или во најмала рака, не е докажан од страна на науката. Инаку со самото анализирање на стомачето на трудниците, може да се открие колку е жената ниска, висока, колку е големо бебето, дали претходно има родено и други интересни факти.
Може да ве интересираат и овие 15 факти што докажуваат дека светот е многу почуден отколку што мислиме.