Невообичаени факти за светот коишто веројатно нема да ги сретнете во енциклопедија

Невообичаени факти за светот коишто веројатно нема да ги сретнете во енциклопедија

Светот е неверојатен! Секогаш кога ќе помислиме дека сè сме виделе, тој нè изненадува со нешто ново и непознато. Дури и разни факти од секојдневието, можат целосно да нè изненадат и фасцинираат доколку ги погледнеме од поинаков агол. Прочитајте ја оваа колекција од разни неверојатни факти за светот, коишто се толку невообичаени што веројатно ќе посакате да ги споделите со вашето семејство или со пријателите.

1. Веројатно досега не сте слушнале дека бебињата слончиња ги шмукаат сопствените сурли, исто како што човечките бебиња ги шмукаат своите палци или цуцлите? Причината поради којашто го прават тоа е од иста природа – чувство на комфор, утеха и спокојство. Покрај тоа, шмукањето на сурлата, во којашто има неверојатни 50.000 мускули, им овозможува на слончињата да научат како да ја користат и контролираат уште од рана возраст.

2. Стивен Спилберг сакал да режира филм за Џејмс Бонд, но бил одбиен. Го споделил овој проблем со неговиот пријател Џорџ Лукас, кој му рекол дека има идеја како да направи подобар филм од Џејмс Бонд. Така започнало создавањето на серијалот филмови Индијана Џонс.

Невообичаени факти за светот коишто веројатно нема да ги сретнете во енциклопедија

3. Дури 1/10 од светските резерви на злато им припаѓаат на индиските домаќинки. Чисто за споредба, тоа е повеќе од вкупните резерви на САД, Швајцарија и Германија.

4. Во 1982 година, маж успеал да се прикраде во Бакингемската палата. Тој дури и јадел чедар сирење околу половина час и шетал низ палатата. Си заминал, дури откако седнал на тронот и испил половина шише вино.

Невообичаени факти за светот коишто веројатно нема да ги сретнете во енциклопедија

5. Додека траела Прохибицијата во САД (1920 -1933) за забрана на производство, увоз, извоз, транспорт и продажба на алкохолни пијалаци, сопствениците на лозје произведувале цврсти концентрирани сокови од грозје, коишто биле наречени „гроздови цигли“. За да не одат во затвор, тие морале да докажат дека грозјето не било употребувано за да се направи вино. Поради тоа, циглите се продавале заедно со известување на коешто стоело дека откако циглата ќе се раствори во вода, добиениот раствор не треба да се чува 21 ден на темно и ладно место. Совршен маркетинг трик, нели!?

6. Луѓето коишто живеат во Калачи, Казахстан имаат многу чуден синдром на спиење. Тие се чувствуваат уморно и поспано, а некои од нив дури спијат по цела седмица. Многу научници имаат спроведено разни истражувања во ова село, но до ден-денес сè уште ја немаат откриено причината, зад овој неверојатен феномен.

Невообичаени факти за светот коишто веројатно нема да ги сретнете во енциклопедија

7. Дали сте знаеле дека јаболката којшто ги купуваме во маркетите, се набрани пред 6-12 месеци? Пред да ги видиме во продавниците, тие се чуваат во специјални фрижидери во коишто има многу мали количества кислород, со цел да не го изгубат својот свеж изглед.

8. Постои епизода од „Разоткривачи на митови“ (Mythbusters) којашто никој нема никогаш да ја гледа. Во неа, креаторите се снимале додека прават многу моќен експлозив од отпадни материјали, но кога станале свесни за можните последици, веднаш го избришале видеото и ја предупредиле полицијата дека терористите може да ги употребат резултатите од овој експеримент за нивни цели.

Невообичаени факти за светот коишто веројатно нема да ги сретнете во енциклопедија

9. Дали сте знаеле дека атомите се во суштина 99.9999999% празен простор? Доколку ги соберете сите луѓе од светот на едно место и го отстраните сиот вишок простор од нив, целото човештво би било сведено на големина од еден портокал.

Прочитајте ги останатите факти на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар