Невеста ослабела 52 кг за да може младоженецот да ја пренесе преку прагот

Невеста ослабела 52 кг за да може младоженецот да ја пренесе преку прагот

Како и секоја девојка, така и 21-годишната Грејс Пикок сакала на тој посебен ден, кога љубовта со нејзиниот партнер ќе ја круниса со брак, сѐ да биде совршено до детали. Меѓутоа нејзината најголема грижа не била венчаницата, ниту декорациите или наоѓањето на добар фотограф, туку романтичниот момент кога младоженецот треба да ја пренесе невестата преку прагот на нивниот дом. Причината за тоа била нејзината прекумерна тежина. Имено Грејс, со своите 115 кг знаела дека тоа нема да биде лесна задача за нејзиното момче Ден Њусом, па решила да преземе нешто околу тоа.

0-nevesta-oslabela-52-kg-za-da-mozhe-mladozhenecot-da-ja-prenese-preku-pragot-kafepauza.mk

 

„Се обиде да ме крене, но не можеше. Сакаше да го занемариме тој обичај и предложи наместо тоа да ме прегрне, бидејќи знаеше дека тоа ме погоди“, објаснува Грејс. „Се обидов да се пошегувам велејќи дека не сакам да ме влече по прагот, но тоа всушност многу ме погоди.“

Срамејќи се од своите килограми, како што самата вели, купувала облека преку интернет. Ретко излегувала со друштво бидејќи избегнувала фотографирање, плашејќи се да не заврши на Фејсбук, каде сите би можеле да видат колку е всушност крупна.

„Ја мразев помислата дека луѓе би можеле да ме видат на слики и да прокоментираат колкава сум,“ вели Грејс.

2-nevesta-oslabela-52-kg-za-da-mozhe-mladozhenecot-da-ja-prenese-preku-pragot-kafepauza.mk 1-nevesta-oslabela-52-kg-za-da-mozhe-mladozhenecot-da-ja-prenese-preku-pragot-kafepauza.mk

Во рок од две години, оваа девојка од западен Јоркшир успеала да ослабе од 115 до 63 килограми и од конфекциски број 22 да влезе во 10. За прв пат во животот се чувствувала пријатно во бикини.

„Се чувствував како тотално друга личност, а најдобро од сѐ е што Ден можеше со леснотија да ме подигне“, објаснува Грејс.

За да ослабе, најпрво почнала да практикува секојдневни прошетки со своето куче, а потоа му се придружила на Ден во теретана. Во февруари, минатата година почнала да држи диета и тоа заедно со својата 23-годишна сестра Меган.

Полека, но сигурно, килограмите почнале да се топат. Кога од број 22 преминала на 14, информацијата ја споделила со своите пријатели на Фејсбук каде добила огромна поддршка.

3-nevesta-oslabela-52-kg-za-da-mozhe-mladozhenecot-da-ja-prenese-preku-pragot-kafepauza.mk4-nevesta-oslabela-52-kg-za-da-mozhe-mladozhenecot-da-ja-prenese-preku-pragot-kafepauza.mk

 

„Луѓето оставаа навистина позитивни коментари и ме охрабруваа да продолжам понатаму“, објаснува таа.

Освен контролиран режим на исхрана, одела 5 пати неделно во теретана и трчала. Сега се радува на избирањето на венчаницата наместо да се плаши.

„Пред година дена купивме куќа па почнавме повторно да штедиме пари за свадба. Веселбата најверојатно ќе се случи во 2016 година, така што Ден ќе има доволно време да го извежба пренесувањето преку прагот“, вели задоволната Грејс.

5-nevesta-oslabela-52-kg-za-da-mozhe-mladozhenecot-da-ja-prenese-preku-pragot-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар