Неверојатно видео покажува како вашето бебе си игра во матката
Многу нови мајки мислат дека нивните бебиња само клоцаат во матката, но оваа снимка покажува дека постојат и други движења. На снимката се гледа навистина активно бебе кое ги користи своите нозе и се обидува да скока.
Што чувствуваат бремените жени?
Мајките го сакаат чувството на движење на нивното бебе. Понекогаш го чувствуваат како пеперутки, бранови или подбуцнување. Подоцна во бременоста може да почувствуваат посилно движење кое понекогаш е и неудобно.
Кога почнуваат да го чувствуваат движењето?
Најчесто жените ги чувствуваат првите знаци на движење помеѓу 14-та и 26-та недела, но најчесто е помеѓу 18-та и 22-ра недела. Мајките секогаш треба да обрнуваат внимание на движењето на бебето, особено ако тоа се намали. Ако забележите каква било промена, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.
Погледнете ги и овие необични факти за бременоста.