Неверојатно откритие: Изворот на дислексија не се наоѓа во мозокот!

Неверојатно откритие: Изворот на дислексија не се наоѓа во мозокот!

Најверојатно сте чуле за нарушувањето дислексија кое создава потешкотии во читањето, изговорот и поврзувањето на зборовите со нивните значења. Околу 5 до 17% од популацијата го имаат ова нарушување. Тоа се дефинира како нарушување во учењето, па затоа природно ни доаѓа да претпоставиме дека сржта на проблемот се наоѓа во мозокот. Меѓутоа, според најновите истражувања, проблемот можеби потекнува од сосема друго место.

Неверојатно откритие: Изворот на дислексија не се наоѓа во мозокот!

Француските истражувачи откриле дека очите се можеби главниот виновник за појавата на дислексија. Тим од научници ги анализирале очите на 60 испитаници, од кои 30 биле дијагностицирани со дислексија, а останатите 30 немале таква дијагноза. Тие обрнале посебно внимание на 2-та типа фоторецептори во очите, стапчињата и чунчињата. Стапчињата се одговорни за разликување на светлина и темнина и не перципираат бои (затоа не можеме јасно да ги видиме боите кога осветлувањето е слабо). Чунчињата се одговорни за воочување бои и детални предмети.

Очите на сите луѓе кои страдаат од дислексија го имаат истиот дефект: Кружна, симетрична дупка без чунчиња во центарот на окото, која треба да постои само во доминантното око на луѓето. Кај луѓето со дислексија се проектираат 2 идентични доминантни слики во главата. И двете се борат за да добијат внимание од мозокот. Ова можеби е причината за таканаречените „грешки во огледалото“ со кои се соочуваат луѓето со дислексија, како што е мешањето на буквите „b“ и „d“.

Кај испитаниците кои немале дислексија, во центарот на доминантното око имале кружна дупка без чунчиња и една дупка со неправилна форма и со асиметричен распоред на чунчиња. Двете добиени различни слики ја создавале целосната слика во мозокот.

Со оглед на тоа што изворот на проблемот лежи во окото, а не во мозокот, ова откритие може да го промени начинот на кој се лекува и дијагностицира нарушувањето. Очниот преглед би можел да ја најде оваа аномалија кај дислексичните луѓе. Освен тоа, истражувачите користеле еден вид „волшебна ламба“ со која ги изложувале пациентите на невидлива ЛЕД светлина за да исклучат една од сликите што се проектирале.

Не постои сомнеж дека ова истражување ќе успее да го смени начинот на кој ги гледаме поединците со дислексија. Потребно е да се запознаеме со ова нарушување за да можеме да го разбереме и да им помогнеме на луѓето кои имаат таков проблем. Ова откритие дефинитивно ќе му ги отвори очите на светот!

Во продолжение, прочитајте за следниве психолошки нарушувања кои најчесто се погрешно дијагностицирани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар