Неверојатно откритие: Децата ја наследуваат интелигенцијата од нивните мајки!
Според најновите истражувања, колку сте паметни зависи од интелигенцијата на мајка ви, без разлика дали ви се допаѓа тоа или не. Да го погледнеме ова од научен аспект.
Познато е дека жените имаат ХХ хромозоми, а мажите ХY хромозоми. Хромозомите се наоѓаат во клетките и се заслужни за пренесување на гените. Ова истражување тврди дека интелигенцијата доаѓа директно од тие значајни Х хромозоми, а со оглед на тоа што нашите мајки имаат два од истите, постои два пати поголема веројатност дека нашата интелигенција потекнува од страна на мајката.
Сепак, трудот на татковците не е залуден! Истото истражување покажало дека ХY хромозомите придонесуваат за физичкиот развој на децата. Сепак, мора да се земе предвид фактот дека сите овие тестови се изведени на глувци, но постои голема веројатност дека истото важи и за луѓето.
„Луѓето кај кои преовладуваат гените од мајката имаат поголема глава и мозок, но помало тело. Спротивно на тоа, луѓето кај кои преовладуваат гените од таткото имаат помал мозок, но поголемо тело“, објаснува еден од истражувачите.
Освен тоа, истражувачите од Универзитетот во Вашингтон покажале дека емоционалната врска е од голема важност за развојот на мозокот. Имено, тие за прв пат откриле дека љубовта и чувството на сигурност што ги добиваме од мајките се одговорни за развојот на одредени делови од мозокот. Истражувачите поминале 7 години во истражување како мајките се поврзуваат со нивните деца и дознале дека кога децата добивале поддршка и кога нивните интелектуални и емоционални потреби биле исполнети, на возраст од 13 години имале 10% поголем хипокампус од оној на децата кои не биле емоционално поврзани со мајките. Хипокампусот е оној дел од мозокот заслужен за сеќавањата, учењето и реакцијата на стрес.
Нареден пат кога ќе сакате да ѝ се смеете на мајка ви затоа што не знае како да објави фотографија на Фејсбук или длабоко се соживува со турските серии, размислете уште еднаш. Голема е веројатноста дека ја поседувате нејзината интелигенција која мора да се согласите дека со оглед на овие најнови откритија воопшто не е за потценување.