Неверојатно, но вистинито: Можете да бидете алергични на вашиот партнер
Алергиите можат да бидат навистина непријатни, но што ако сте алергични на вашиот партнер? Звучи неверојатно, дури и смешно, но сепак постојат луѓе кои се вљубени до уши, но сепак не можат да се ослободат од кивањето и солзите кога се во близина на нивниот партнер. Па, погледнете ги 5-те алергии кои не се ништо друго, туку алергија на партнерот.
1. Алергија на коса
Ова е навистина ретка алергија, но сепак постои. Најчесто настанува кога личноста е алергична на продуктите за нега на коса што ги користи нејзиниот партнер. Може да биде предизвикана и од материјалите од кои е направена вештачката надградба за коса.
2. Алергија на кожа
Во овој случај станува збор за алергиски контактен дерматитис. После контактот со кожа и алергени, на кожата се појавува осип и чешање.
3. Алергија на плунка
Бакнувањето може да биде навистина опасна активност доколку сте алергични на плунката на партнерот. Всушност, овде најчесто станува збор за алергија на состојките на плунката, наместо на самата плунка. На пример, доколку сте алергични на некоја храна, а вашиот партнер ја јаде, после бакнувањето може да настане алергиска реакција. Истото важи и за лековите.
4. Алергија на сперма
Иако овој вид алергија е навистина редок, постојат луѓе кои се алергични на сперма. Симптомите на оваа алергија можат да бидат различни – од печење и чешање на гениталиите по сексуалниот однос, па сè до анафилактичен шок. Доколку употребувате кондоми, нема потреба да се грижите. Освен ако не сте алергични и на латекс.
5. Вообичаени алергии
Можете да бидете алергични и на нешто што партнерот го носи или го нанесува на себе, како на пример, лосиони, парфем, козметика, накит, средство за перење облека, материјалот од кој е направена облеката и слично.
Бидејќи пролетта е речиси овде, погледнете како да се изборите со пролетните алергии на природен начин.