Неверојатно научно откритите: Човечкото тело продолжува со живот по смртта!
Новото откритие е од големо значење за лекарите кои се занимаваат со трансплантација на органи, но и за судската медицина, бидејќи времето кога настапува смртта сега би можело да се одредува со неверојатна прецизност и точност.
Имено, научниците откриваат дека човечкото тело продолжува да живее уште 48 часа по официјалното прогласување на смртта. Кога човечкиот мозок престанува да работи и кога респираторниот и циркулаторниот систем престануваат да функционираат, лекарите службено прогласуваат дека настапила смртта. Но, едно ново американско истражување покажува дека таа дефиниција би можела да се промени. Барем во одредена смисла.
Според научниот труд објавен на веб-сајтот Biorxiv, повеќе од стотици гени во телото продолжуваат да функционираат уште најмалку два дена по смртта. Освен тоа, во клетките се будат некои гени кои за време на животот не биле активни. Истражувањето кое било под водство на Питер Ноубл и Алекс Позитков од Универзитетите во Вашингтон и Сиетл, ги проучувало активностите на гените во органи на глувци и риби. Стотици гени се вклучиле веднаш по смртта. Меѓу нив била и групата гени за фетален развој, која обично се исклучува веднаш по раѓањето, но и групата гени која се поврзува со зголемениот ризик за заболување од рак. Нивната активност го достигнувала врвот 4 часа по смртта.
Авторите претпоставуваат дека слични процеси се случуваат и во човечкиот организам. Досега има неколку истражувања кои покажале дека различни гени кај луѓето, меѓу кои и оние за контракции на срцевиот мускул и за заздравување на раните, се активни повеќе од 12 часа по смртта. Фактот дека по смртта се активираат некои гени поврзани со ракот е многу важен за трансплантацијата на органи. Научниците веќе имаат откриено дека ризикот за заболување од рак се зголемува кај луѓето со пресадени органи. Затоа во одредена мера можат да придонесат и лековите за намалување на реакцијата на имуниот систем кои ги земаат пациентите, со цел нивното тело да не го отфрли органот.
Меѓутоа, американските експерти сметаат дека би требало да се истражи колкава улога би имале во тоа гените кои се будат по смртта. Се наметнува прашањето зошто толку многу гени се вклучуваат по смртта? Научните портали наведуваат дека постојат два можни одговора. Првиот е дека телото природно настојува да ги вклучи гените, кои инаку се вклучуваат при сериозни повреди. Другиот е дека исклучувањето на голем број гени им дава прилика за вклучување на оние гени кои за време на животот биле замолчени од активностите на останатите.
Ова истражување дефинитивно ги доведува до прашање дефинициите за смртта и отвора можности за голем напредок во медицината.