Неверојатно научно откритие: Отровот на пчелите може да го излечи вирусот ХИВ
Пчелите се можеби најважните животни форми на Земјата, бидејќи тие играат бесценета улога во одржувањето на екосистемот. Тие го запрашуваат вегетативниот свет кој не би постоел без нив! Сигурно и самите знаете дека пчелите се од големо значење за нашата околина. Но, поради зголемената употреба на пестициди и уништувањето на шумите, нивниот број значително се намалува секоја година. Тоа претставува голема опасност за човештвото на Земјата, бидејќи ако нема пчели, нема да има ни луѓе.
Неодамна, научниците откриле уште една неверојатна придобивка од пчелите. Имено, отровот на пчелите можеби е лекот за вирусот ХИВ што луѓето го барале толку долго време.
Најновите истражувања, спроведени од страна на Универзитетот во Вашингтон, покажале дека бодилото на пчелите содржи хемиски токсин, наречен мелитин. Станува збор за пептид што може да послужи како превенција од ХИВ, ако се нанесе пред сексуалната активност. Овој токсин во отровот на пчелите може да го уништи вирусот ХИВ со тоа што ќе создаде дупки во обвивката која ги заштитува смртоносните вирусни клетки.
Истражувачите откриле дека токсинот може да уништува клетки и да убива вируси, затоа што има цитолитичен ефект, односно ги уништува клетките со тоа што ја зголемува нивната пропустливост. Меѓутоа, тој може да уништи и други важни човечки клетки ако дојде во контакт со нив. Истражувачите го откриле ова кога нанеле мелитин на комплексни наночестички. Тие ги наполниле наночестичките со отров од пчела и потоа на нивната површина додале одбојник за ги одбие токсините и да ги заштити нормалните клетки.
Истражувачите откриле дека кога наночестичката се спојува со вирусниот слој што ја обвива клетката, се формираат комплекси кои го прободуваат слојот и ја ослободуваат клетката од вирусот.
Авторите на истражувањето додале дека ова значајно откритие може да доведе до создавање вагинален гел што ќе го сопира пренесувањето на ХИВ вирусот, па дури и до развивање интравенозна терапија што ќе им помогне на поединците кои се заразени со вирусот.
Во продолжение прочитајте како научниците успешно отстранија ХИВ вирус од човечката ДНК.