Неверојатно мали хотелски соби
Автор: Весна Јовановска
Ако живеете и работите во Токио, сте заглавиле на работа, а фирмата ви е со километри оддалечена од домот, најевтина опција за преноќување се овие хотелски капсули. Долги се два метра, широки еден метар и високи еден и пол, а ноќевање во нив чини околу 40 долари.Оваа уникатна форма за сместување во неверојатно мали хотелски соби, е развиена за презафатените јапонски работници. Иако просторот е наменет само за спиење, тој сепак, нуди и малку релаксација, опремен е со телевизор, радио, интернет, огледало и со будилник.Она што воопшто нема да ви се допадне, е тоа што бањата мора да ја делите со останатите гости. Имајте го ова предвид, ако некогаш добиете понуда за работа во Јапонија или ако заминете на службено патување во оваа земја.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
hahhahhahha interesnoo