Неверојатно лесна техника која ќе ви помогне при донесувањето тешки одлуки

Неверојатно лесна техника која ќе ви помогне при донесувањето тешки одлуки

Оваа техника, позната како Декартов квадрат, се покажала како многу успешна кога станува збор за донесување тешки одлуки. Поентата е да се направи анализа на проблемот или ситуацијата согледувајќи ги од различни агли со помош на само четири прашања.

Неверојатно лесна техника која ќе ви помогне при донесувањето тешки одлуки

Сè што треба да направите е искрено да ги одговорите следниве 4 прашања:

1. Што ќе се случи ако го направам тоа? (Што ќе добијам од тоа?)

2. Што ќе се случи ако не го направам тоа? (Дали сè ќе остане исто? Кои се предностите ако не го направам тоа?)

3. Што нема да се случи ако го направам тоа? (Кои се негативните последици ако го направам тоа?)

4. Што нема да се случи ако не го направам тоа? (Кои се негативните последици ако не го направам тоа?)

Особено бидете внимателни кога ќе го одговарате четвртото прашање. Мозокот ќе се обиде да ја игнорира дуплата негација и вашиот одговор може да биде сличен како оној на првото прашање. Не дозволувајте да се случи ова!

Сигурно се прашувате зошто оваа техника е толку ефективна? Проблемот е во тоа што кога ќе се најдете во ситуација која бара од вас да донесете тешка одлука, најчесто заглавувате на првото прашање „што ќе се случи ако го направам тоа?“. Декартовиот квадрат ни овозможува да го согледаме проблемот од четири различни гледни точки со цел одлуката што ќе ја донесеме да биде што е можно порационална.

Нареден пат кога ќе се најдете пред тешка животна дилема и нема да знаете како да постапите, сетете се на Декартовиот квадрат. Проширете ги вашите видици и разгледајте го проблемот од секој можен аспект. Одлуката што ќе ја донесете несомнено ќе биде онаа вистинската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар