Неверојатно истражување: Човечкото тело предвидува настани 1-10 секунди пред да се случат
Изминативе неколку децении се појавија значителен број истражувања кои кажуваат дека човечката видовитост сепак можеби е реална. Благодарение на овие истражувања, „натприродните“ човечки способности повеќе не се суеверија и стануваат потврдени феномени. Низ историјата на секоја култура и период се имаат случено многу настани со претскажување на иднината или видовитост.
Не е тешко да сфатиме зошто нè фасцинираат овие концепти. Тие се дел од популарната култура, најмногу поради филмовите кои за жал понекогаш имаат лошо влијание на овие феномени бидејќи се поврзани со измислени приказни и настани. Сепак потребно е да се истражи вистината за претскажувањето и „гледањето“ на иднината.
Па што точно претставува видовитоста? Едноставно, тоа е способност за предвидување иден настан. Тоа е влијанието на иден настан кој допрва треба да се случи врз одговорот на индивидуите. Овие одговори можат да дојдат од нивната биологија. Можат да бидат свесни или несвесни.
Неодамнешно истражување наречено „Предвидување на непредвидливото: Критичка анализа и практична примена на предвидлива активност“ разгледувало неколку експерименти поврзани со овој феномен кои се одвивале во неколку разни лаборатории.
Експериментите укажуваат дека човечкото тело може да забележи случајно пренесен стимул кој се случува 1-10 секунди порано. Со други зборови, човечкото тело навидум знае за идниот настан и реагира на него пред да се случи. Она што се случува во телото пред настаните се психолошки промени кои се мерени преку кожата, кардиопулмоналниот и нервниот систем.
Важно е да се спомене дека овие одговори за идни настани се несвесни и човекот не знае дека се случуваат. Па на некој начин е предвидување, но не претставува јасна и свесна визија. Фактот дека постои оваа несвесна видовитост е навистина неверојатен. Уште чекаме науката да ни даде објаснување за свесната јасновидност, без разлика дали феноменот е набљудуван или не.
Во изминативе 36 години се објавени над 40 експерименти за овој феномен кај луѓето. Ова помага да се направи анализа со која се заклучува следното:
„Предвидливото психолошко очекување на сосема случаен и непредвидлив иден настан е под истрага над 3 децении. Неодамнешната анализа на истражувањата укажува дека овој феномен е реален.“
Едно од позначајните истражувања било објавено во Журналот за парапсихологија во 1989-та година. Истражувањето вклучувало обиди од страна на испитаниците да го предвидат идентитетот на стимулот кој бил селектиран случајно. Авторите разгледале над 300 други истражувања спроведени од над 60 автори и користеле над 2 милиони индивидуални обиди.
„Оваа анализа го потврдува постоењето на мал, но значаен ефект на видовитост. Ефектот изгледа повторлив, а значајни исходи се пријавени од 40 истражувачи користејќи разни методи. Ефектот на предвидување е ефект кој користи фактори што имаат влијание на попознатите аспекти од човечкото однесување.“
Зошто предвидувањето е несвесно и има ли шанси да стане свесно?
Ако нашето тело може да добива информации за секунди во иднината, зошто тие информации да не бидат свесни? Можеби го имаме потенцијалот. Истражувачите сметаат дека ова е најверојатно бидејќи информациите не се корисни, слично на големиот број информации коишто се процесираат несвесно. Исто така сметаат дека свесниот ум не би можел да донесува такви брзи одлуки.
Прочитајте и нешто повеќе за науката зад духовите.