Неверојатно: двегодишно момче ги знае сите држави во светот

Неверојатно: двегодишно момче ги знае сите држави во светот

Запознајте го малиот Британец кој е толку напреден за своите години, што докторите и детските психолози се счудоневидени од неговата невидена интелигенција.Неверојатно: двегодишно момче ги знае сите држави во светотСвоите први зборови Шервин Сараби ги изустил кога имал само десет месеци, а сега, кога има полни 2 години, знае да ги наброи сите главни органи на човечкото тело и нивните функции, може да прочита 500 различно зборови, ги знае сите држави во светот, а умее дури и да ги препознае нивните знамиња. Шервин користи дури и компјутер, за да ги гледа своите омилени програми, како и снимки на ЈуТјуб.

На почетокот мислевме дека тоа е нормално однесување. Еден ден посетивме доктори и тој започна со прстот да покажува на државите кои ги распознава изговорувајќи ги нивните имиња.  Доктор беше вон себе и рече дека такво нешто никогаш досега нема видено. Го одведовме и кај двајца психолози кои исто така ја потврдија неговата неверојатна дарба. Тој обожава да учи. Неодамна ме разбуди во три часот наутро за да ми раскаже сѐ за тоа како Њутн ја открил гравитацијата. Не можеме да отидеме некаде со него без да нè прашува „Што“, „Што“, „Што“ во врска со работите кои се случуваат околу него. Навистина сме благословени што го имаме.“ – вели неговата мајка Аманда

За само 18 месеци научи да брои и да ги распознава сите геометриски облици, а моментално го интересираат вулканите и кометите. Докторите нема да знаат колку точно е паметен, додека не наполни 3 години, кога ќе може да се тестира неговиот коефициент на интелигенција.Неверојатно: двегодишно момче ги знае сите држави во светот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар