Неверојатните моќи на лимоновото масло

Неверојатните моќи на лимоновото масло

Кој би помислил дека лимоновото масло е решение за скоро сите наши проблеми? Погледнете ги неверојатните здравствени придобивки од ова магично масло…

Lemon oil

Убива бактерии

Лабораториските тестови направени врз ешерихија коли и салмонела пронајдени во сок од јаболка покажале дека лимоновото масло, меѓу останатите етерични масла, е успешно оружје во борбата против овие бактерии. Имајќи го овој факт на ум, воопшто не е за чудење што истото е меѓу основните состојки во средствата за чистење. Вода, оцет и лимон се комбинација која лесно и брзо ќе ви помогне да се ослободите од бактериите во вашиот дом.

(1)-neverojatnite-mokji-na-limonovoto-maslo-kafepauza.mk

Го подобрува расположението

Истражувањата покажуваат дека лимонот е фантастично решение кога станува збор за лошото расположение. Трикот лежи во користење на лимоновото масло како главна состојка во ароматерапиите. Особено во споредба со етеричното масло од лаванда, ефектите од лимоновото масло во подобрување на расположението се со далеку поголем интензитет.

(2)-neverojatnite-mokji-na-limonovoto-maslo-kafepauza.mk

Ефикасно служи како средство за чистење и освежувач за воздух

Бидејќи природното си е природно, а и не постои човек на планетава кому не му се допаѓа мирисот на лимон, оваа примена на лимоновото масло особено ќе им се допадне на домаќинките. Земајќи во предвид дека мирисот на лимон се поврзува со свежо и чисто, како и фактот дека лимоновото масло ги уништува бактериите, домашно подготвеното средство за полирање од лимоново масло кое истовремено претставува и освежувач за воздух е навистина добра идеја, се согласувате?

3-neverojatnite-mokji-na-limonovoto-maslo-kafepauza.mk

Ги одржува овошјето и зеленчукот свежи

Делува неверојатно, нели? Но факт е дека миењето на овошјето и зеленчукот со мешавина на вода и лимоново масло успешно помага во одржување на истите свежи и вкусни подолго време. Дополнително, ги убива сите бактерии во нивна околина.

(4)-neverojatnite-mokji-na-limonovoto-maslo-kafepauza.mk

Спречува вртоглавици и нагони на повраќање

Знаејќи дека лековите во облик на таблети, сирупи и што ли уште не евентуално можат да му наштетат на плодот, сè повеќе трудници се осврнуваат кон хербалните лекови кои се на природна база. Едни од вообичаените маки на трудниците се секако вртоглавиците и честите нагони на повраќање, за кои се покажало дека лимоновото масло може да биде од голема помош. Едно истражување кое било направено од група доктори покажало дека мирисањето етерично масло од лимон при појава на првите знаци на мачнина може да ги намали нагоните на повраќање и да ја спречи вртоглавицата.

(5)-neverojatnite-mokji-na-limonovoto-maslo-kafepauza.mk

Смирува изгореници од медузи

Сите барем еднаш во животот сме биле изгорени од отровот на медузите, па затоа нема потреба да се зборува за болката која тие изгореници ја предизвикуваат. Но, иако веќе постојат доста природни лекови кои ги смируваат овие изгореници, лимоновото масло се покажало како едно од поуспешните и поделотворни лекови. Истово се докажало како точно кога еден нуркач во 2014 година се здобил со силни изгореници од медуза, но ниту еден од вообичаените третмани како ладни облоги или топла вода не му помогнал.

(6)-neverojatnite-mokji-na-limonovoto-maslo-kafepauza.mk

Успешно ги одбива комарците

Според едно истражување направено на почетокот на оваа година, иако можеби звучи неверно, лимоновото масло е едно од осумте етерични масла кои успешно помагаат во борбата против комарците (која сите ја мразиме!). Уште повеќе, во комбинација со ванилата, ефектот е подолготраен. Најубавото во ова е што оваа комбинација можете да ја направите и сами за многу кратко време.

(7)-neverojatnite-mokji-na-limonovoto-maslo-kafepauza.mk

Помага при лечење габични инфекции

Габичните инфекции се, за жал, многу честа појава. Габите (кандидата) се присутни насекаде околу нас, формирајќи колонии на нашата кожа и заштитните мембрани. Иако борбата со овие инфекции е неудобна, лимоновото масло може навистина да ви помогне како ефективен природен лек при лечење на кандидата.

(8)-neverojatnite-mokji-na-limonovoto-maslo-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар