Претходно
Неверојатниот син град кој доаѓа директно од соништата
На северот од Мароко сместен е малиот град Чефчауен. Невообичаеното место слободно може да се нарече „син сон“, бидејќи стариот дел од градот е исполнет со згради обоени во сите нијанси на сина боја. Невообичаеното фарбање на градот го донеле еврејските бегалци, кои верувале дека колку повеќе гледате сини бои околу вас, толку почесто размислувате за рајот и Господ. Оваа традиција се задржала и станала светски препознатлив белег за стариот дел од градот. Погледнете ги сликите и за момент прошетајте низ тесните улички на ова неверојатно место.