Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребен

Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребен

Големиот корален гребен е најголемиот морски гребен во светот, познат по својата природна убавина, однадвор и однатре. Гребенот, кој претставува огромна атракција за туристите од сите делови на светот е едно од Седумте природни светски чуда. Тој е лоциран во Коралното море, на брегот во Квинсленд, во северно-источна Австралија.Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребенТој всушност претставува комбинација од над 2.900 посебни корални гребени и 900 острови, се протега на површина од 344.400 квадратни километри, а е долг над 2.900 километри. Тој е поголем од Кинескиот ѕид и може да се види од вселената. Гребенот е најголемата постоечка структура составена од живи организми. Се смета дека во него има 350-400 видови корали, милијарди малечки организми, познати како корални полипи и разнообразни други морски животинки.Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребенВо 1975 година владата оформила тело кое се вика Морскиот парк на Големиот корален гребен (GBRMPA), кој оттогаш па наваму, го ограничува туризмот, риболовот и пловењето од страна на посетителите, сè со цел да се сочува и заштити гребенот. Други видови штета кои можат да му се случат на Големиот корален гребен се преливање на водата, побелување на коралите како резултат на климатските промени и цикличното труење на морските грабливци од страна на морските ѕвезди т.н. Круна од трње, кои шират отров.Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребенОвој гребен е многу популарна дестинација за туристите, особено за оние кои доаѓаат од островите Витсандеј  и градот Кернс. Туризмот е важна економска активност, од која земјата заработува 1 милијарда долари годишно.Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребен Доколку сакате повеќе да се информирате за ова неверојатно чудо на природата, погледнете го видеото.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар