Неверојатни зимски спортови на природен холандски мраз
Додека повеќето од нас едвај чекаат да заврши студената зима и да започне пролетта, голем дел од луѓето кои живеат во Холандија се надеваат на уште пониски температури. Веројатно и ние би го посакувале истото, доколку имавме прилика да уживаме во вакви забавни зимски спортови. Бен Физбик е фотограф од Амстердам, кој неодамна ги направил овие прекрасни фотографии, на кои гледаме како Холанѓаните се лизгаат и едрат по мраз, на Gouwzee, залив во северна Холандија.
Фотографот вели: „Холандија е мала земја во која живеат 16 милиони луѓе, но може да се пофали со околу 250.000 натпреварувачи во брзо лизгање по мраз и милиони кои лизгаат само за забава. Интересно е тоа што природниот мраз во Холандија е ретка појава, а некои зими го нема воопшто. Можеби тоа е објаснувањето зошто Холанѓаните толку многу сакаат да лизгаат на природен мраз – ретко кога ја имаат таквата прилика. Но, кога ќе удри студен бран и лавиринтот од канали, реки и езера ќе замрзне, Холанѓаните со задоволство одат на спонтаната зимска прослава на мраз. Бесконечното море од мраз е совршено за лизгање со лизгалки, но покрај ова, Холанѓаните сакаат и едрење по мраз. Ова е спорт кој се состои од трка со пловење на бротчиња и е многу популарен во Холандија. Бродовите на мраз се тркаат со брзина од 100км/ч по мразот на Gouwsea.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.