Неверојатни вистински приказни за преживување на Арктикот
Малкумина одбираат да живеат на Арктикот, но оние кои го прават тоа обично се во близина на некоја заедница или засолниште кое им нуди топлина и безбедност. Сепак, постојат неколку несреќни луѓе кои се нашле осамени сред дивината на Арктикот. Многумина од нив умираат, но некои преживеале за да ја раскажат нивната неверојатна приказна.
1. Поларна мечка како милениче
Во 1757 година, Брус Гордон паднал во морето кога неговиот брод бил згмечен од две ледени брегови. Тој „слетал“ на парче мраз и го гледал својот екипаж како исчезнува. Кога конечно го пронашол бродот, тој бил превртен наопаку, а поларните мечки се хранеле од неговите пријатели. Гордон собрал што можел од бродот и се хранел со тоа. Имал проблеми со поларните мечки, а откако убил една со нож, се појавило мало поларно мече. Гордон го одгледал како милениче. Тој ја научил мечката да лови риби за него и да ги брка другите мечки. Со текот на времето, мразот на Гордон испливал до Гренланд каде што нашол група домородци. Тоа биле првите луѓе кои ги видел со години.
2. Напад од фока убиец
Во 1985 година, Гарет Вуд и неговата група поларни истражувачи биле присилени да поминат преку тенок мраз. Тие се плашеле од кршење на мразот, но наместо тоа од водата излегла голема фока. Животното го фатило Гарет за нога и се обидело да го повлече под вода. Придружниците на Гарет почнале да ја удираат фоката по очите и таа се вратила во водата. Но, само што Гарет станал од земјата, фоката повторно го нападнала. Кога конечно ѝ избегал, тој морал да се влече по ледот со својата секира до колибата. Таму добил медицинска помош и преживеал.
3. Нож од измет
Истражувачот Питер Фројшен се нашол во голема бура во 1926 година. Бидејќи не можел да се движи поради силниот ветар и снег, се сокрил под својата санка и чекал да помине бурата. Кога се обидел да мрда, сфатил дека е закопан под дебел слој снег и мраз. Повеќе од 30 часа се обидувал да направи пат низ мразот, но неуспешно. Бидејќи бил очаен, Питер го искористил својот замрзнат измет како нож и го ископал мразот. Потоа му биле потребни уште 3 часа да се врати во својата база. Прстите на неговите нозе веќе имале гангрена и тој ги ампутирал со чекан и клешти без анестезија.
4. Прошетка преку океанот
На почетокот на 1914 година, бродот Карлук веќе поминал 5 месеци заробен во мраз. Екипажот бил присилен да го напушти бродот, но биле сред огромна замрзната површина и не знаеле од каде и како да се вратат дома. Капетанот Боб Бартлет испратил екипи за истражување, но никогаш не се вратиле. Конечно, капетанот го одвел остатокот од групата до еден остров кој бил оддалечен 128 километри. Бидејќи неговите луѓе биле премногу изнемоштени да продолжат, Бартлет го изодел останатиот пат сам. Придружуван само од инуитски ловец по име Катактовик, Бартлет поминал 1.100 километри за 37 дена преку замрзнатите води на Сибирот. Потоа пронашол руски офицери кои организирале спасување. Додека стигнале до останатиот екипаж, повеќе од половина луѓе умреле.
5. Сред бура со тенко палто
Во март, 1990 година, Кеизо Фунатсу излегол од кампот на кратко да ги нахрани кучињата. Носел само тенко палто на себе. Но додека бил надвор ветрот се засилил, па тој не можел да види ништо освен бескрајно белило. Се обидел да повика помош, но едвај го слушал сопствениот глас. Па, ископал дупка и се сокрил внатре со надеж дека тоа ќе го стопли. Во меѓувреме, неговите колеги се заврзале со јаже од 105 метри и шетале во круг надевајќи се дека Фунатсу ќе го види јажето. Но тој бил во дупката, па јажето му поминало над глава. Фунатсу чудесно успеал да ја преживее бурата.
Продолжува на следната страница…