Неверојатни вистински приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предавате
Често се случува проблемите, сосема ненајавено, да влетаат во нашите животи и да ги направат црно-бели или некогаш дури и многу полоши. За некои од нас тоа може да биде само фаза од животот, додека за други може да значи комплетна животна промена. Прочитајте ги овие приказни за обични луѓе кои морале да се соочат со непријатни настани, но успеале да ги надминат со големо достоинство. Денес, тие се инспирација за останатите дека едноставно ништо не може да ве спречи на вашиот пат во животот.
1. Ник Вујичиќ
Овој човек живее без раце и нозе и има неверојатен дух и желба за живот. Уште повеќе, тој е доказ дека во секоја ситуација можете да најдете причина да бидете среќни. Ник игра голф, сурфа, патува низ светот, држи мотивациски говори, а од неодамна стана и татко по втор пат. Кога децата на улица го прашуваат што му се случило, тој самоуверено одговара „Од цигарите!“
2. Бил Портер
Кога имате цел и уште поважно, желба да ја остварите, болестите нема да претставуваат пречка за тоа. Иако Бил Портер боледува од церебрална парализа, отсекогаш сакал да работи во продажба. Тој ја исполнил својата желба, а од неодамна стана и еден од најуспешните продавачи во Америка. Филмот „Од врата до врата“ е посветен на неговиот дух и треба да го гледаат сите оние кои мислат дека нешто ги спречува да ја остварат својата кариера од соништата.
3. Евгениј Смирнов
Нема ништо полошо за танчар, од тоа да ја изгуби способноста за танцување. Што може да прави професионален танчар кога ќе ја изгуби ногата во сообраќајна несреќа? Ќе продолжи да танцува! Токму тоа го направи и рускиот шампион во танцување, Евегениј Смирнов и покрај фактот дека повторно морал да учи како да танцува. Неговите перформанси во шоуто за танцување биле одличен пример, не само за човечкиот дух, туку и за фактот дека можете да танцувате и без една нога.
4. Олесија Владикина
Оваа шармантна и прекрасна девојка, иако има само 20 години, поминала низ многу страдања. Во несреќа во Тајланд таа ги изгубила левата рака и уште пострашно, и нејзината најдобра пријателка. Овој момент го променил нејзиниот живот, но таа не се предала. По несреќата, таа двапати учествувала на Параолимписките игри, освојувајќи златен медал, притоа поставувајќи светски рекорд. Таа одбила да носи протеза и сѐ што прави, прави со една рака.
5. Силвестер Сталоне
Дали мислите дека треба да изгледате совршено за да станете добар актер? Секако дека не, а Силвестер Сталоне е одличен пример за тоа. Како резултат на траума при раѓање, долниот дел од левата страна на лицето му е парализиран, а неговата уста е малку искривена, а исто така парализиран е и дел од неговиот јазик.
6. Андреа Бочели
Слепилото му ја одзема способноста на човекот да го гледа светот, но не и да го чувствува. Можеби токму ова му помогнало на Италијанецот Андреа Бочели, да споделува фасцинантна и инспиративна енергија со публиката преку неговите песни. Тој исто така е и татко на три деца и ужива во животот велејќи дека иако е лишен од можноста да го види светот со своите очи, тој сепак го гледа со неговото срце.
7. Медлин Стјуарт
Кога имате сон, дури и хендикепот не може да ве спречи да го остварите. Медлин Стјуарт, родена со Даунов синдром, отсекогаш имала желба да стане модел. И успеала во тоа! Секако, за тоа било потребно време. Девојката почнала да спортува и изгубила 20 килограми, а потоа долго време се обидувала да влезе во модна агенција, а тие не биле премногу заинтересирани за личност со Даунов синдром. Но, Медлин ја остварила својата цел. Таа потпишала вреден договор со брендот „Manifesta“ и сега рекламира спортска опрема за жени.
8. Викторија Дувал
Спортистот секогаш останува спортист. 20-годишната американска тенисерка Викторија Дувал, која преживеала Хоџкинсонов лимфом, го докажува тоа. Таа продолжила да тренира и веќе имаше одличен настап на еден од четирите Гренд Слем турнири. Но, се чини дека Викторија веќе ја извојува најголемата победа во својот живот.
9. Шантел Браун Јанг
Убавината на овој модел е навистина невообичаена. Кога била малечка, Шантел дознала дека има недостаток на пигментација на кожата, која се нарекува витилиго. Но со одличното тело и прекрасните црти на лицетo, таа одлучила својот недостаток да го претвори во нејзина предност. Како резултат на тоа, таа денес е познат модел.
10. Ксенија Безуглова
Оваа мајка на две деца победи на изборот на убавина за жените во количка. Таа е активист за човекови права, која сака да ја направи средината попријатна за луѓето кои се движат со количка. Таа е личност која ужива во животот и сѐ уште има многу планови за промена на светот.