Неверојатни „реконструкции“ на лице на војници од Првата светска војна
Првата светска војна го извадила најдоброто и најлошото од луѓето. Оние што учествувале се запомнети или по нивните злодела, или по добрината што ја покажале. Една од добрите луѓе е Ана Колман Вотс Лат, американска скулпторка која се преселила во Франција во 1917-та година.
Овде го запознала Френсис Дервент Вуд, скулптор што имал работилница во која им помагал на сериозно повредените војници од Првата светка војна.
Вуд правел маски за лица за војниците со изобличен изглед со тоа давајќи им нова шанса за живот.
Инспирирана од неговата работа, Ана го создала студиото „Студио со портрет маски“. Овде таа правела маски за овие војници на кои им била потребна помош.
Во овој период повредените мажи се справувале со психолошки стрес и грижа поради нивниот изглед. Некои од нив биле толку многу повредени што нивните лица биле едвај препознатливи.
Овие жртви се познати и како „најтрагичните воени жртви на сите времиња“ најмногу бидејќи поголемиот дел од нив биле осудени на живот во целосна изолација.
Продолжува на следната страница…