Неверојатни психолошки факти кои секој треба да ги знае

Неверојатни психолошки факти кои секој треба да ги знае

Дури и најмалите нешта со кои се соочуваме во текот на секој ден имаат влијание на нас кое не секогаш може да го забележиме. Минатото, сегашноста и иднината можат да се испреплетат во едно и повторно, сето тоа има неверојатно влијание врз нас. Во продолжение се набројани 14 такви психолошки факти за кои веројатно не сте ни биле свесни.

(8)-neverojatni-psiholoshki-fakti-koi-sekoj-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk

1. Вашата омилена песна е поврзана со некој емотивен животен настан

Голем број истражувања покажуваат дека луѓето се емотивно поврзани за нивната омилена песна. Едно такво истражување вклучувало учесниците да пишуваат дневник во период од еден месец, по што следувало интервју, а сето ова со цел да се утврди зошто конкретната песна ја сметаат за омилена и кои фактори влијаат на тоа. Резултатите покажале дека омилената песна на учесниците е тесно поврзана со некои емотивни настани од нивниот живот.

2. Музиката влијае на начинот на кој ги гледате работите

Според истражување спроведено на Универзитетот во Гронинген, музиката влијае не само на моменталното расположение на човекот, туку и на начинот на кој тој ги перципира нештата. Учесниците во истражувањето имале задача да препознаат тажни/среќни лица истовремено слушајќи тажна/среќна музика. Она што било изведено како заклучок е дека музиката имала големо влијание, па слушајќи среќна музика, луѓето препознавале насмеани лица дури и кога на прв поглед не се чинело така.

(1)-neverojatni-psiholoshki-fakti-koi-sekoj-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk

3. Колку повеќе пари трошите на другите наместо на себе, толку ќе бидете посреќни

Доколку ја прочитате книгата „Среќни пари: Науката на поразумното трошење пари“ на Елизабет Дан и Мајкл Нортон, тогаш веднаш ќе ви стане јасно како парите кои ги трошите на други луѓе всушност влијаат на вашата среќа. Долгогодишното истражување на оваа тема се базирало на неколку точки: како влијае на луѓето тоа што го купуваат, дали постоењето лимит прави некоја разлика, времето кое го имаат луѓето на располагање, периодот на користење на купеното и секако, трошењето пари на други луѓе. Резултатите покажале дека трошењето пари на други луѓе носи задоволство и среќа, а меѓу причините е формирањето социјални врски додека истовремено усреќувате некого.

4. Трошењето пари на искуства наместо на ствари ве прави посреќни

Една од најголемите заблуди на денешницата е дека трошењето пари на материјални работи ќе ве направи посреќни. Да, новата облека има моментално влијание на подобрување на расположението, но на долги патеки, она што е важно се спомените кои ги носат доживувањата во животот. Многу истражувања направени на оваа тема покажале дека среќата е подолготрајна кога парите ги користите за да уплатите некое патување, да организирате некое дружење и сл. отколку ако ги потрошите на нешто што нема да остави подолга трага во вашиот живот.

(2)-neverojatni-psiholoshki-fakti-koi-sekoj-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk

5. Денешните деца се пораздразливи отколку пациентите на одделот за психијатрија во 1950 година

Иако звучи премногу застрашувачки, станува збор за ситуација која воопшто не изненадува кога ќе се земе предвид во кое време и во каков свет живееме. Според одредени медицински истражувања, скоро половина од светското население страда од анксиозност, депресија, некаква зависност или комбинација од овие три работи. Сето ова влијае на нашето здравје, во психичка и физичка смисла, а тоа неминовно се пренесува на децата кои растат во таква околина.

6. Одредени религиозни практики го намалуваат стресот

Верувањето во нешто нуди објаснување кога тоа не можеме да го најдеме во реалниот живот. Тоа значи дека наместо да се оптоваруваме себеси со проблем на кој не можеме да му најдеме решение, поверојатно е дека ќе го прифатиме со помалку нервози и стрес. Одредени религиозни практикувања помагаат во постигнување на ова, а еден пример за таква активност е медитирањето.

(3)-neverojatni-psiholoshki-fakti-koi-sekoj-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk

7. Парите купуваат среќа, но само тогаш кога навистина немате

Парите се неверојатно голем проблем кога станува збор за свет во кој едно семејство треба да може да си овозможи да живее убав живот. Повеќето луѓе се соочуваат со немање доволно пари ни за основните потреби, што неизбежно внесува тага и проблеми во нивниот живот. Паралелно на ова, земањето плата која ќе ги обезбеди основните работи го качува нивото на среќа, но само кога имате над потребниот минимум. Тоа можеби нема да ви ја зголеми среќата на дневно ниво, но општото задоволство од она што можете да си го дозволите во животот ќе ве направи целокупно посреќни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар