Неверојатни придобивки од чување птица како домашен миленик
Сѐ додека немате живеено со птица како ваш домашен миленик, не можете да замислите колку тие може да го разубават вашиот живот со нивната весела и љубопитна природа. Тие бараат многу грижа, но за возврат ќе ве наградат на многу убави начини. Овие интелигентни и прекрасни суштества со своето друштво ќе ви донесат многу придобивки, а некои од нив може целосно да ве изненадат. Во продолжение погледнете за што станува збор.
Долг животен век
Во споредба со другите домашни миленици, повеќето птици имаат долг животен век, а тоа значи дека нема да треба да се справувате со тагата која ја чувствувате кога го губите вашиот крзнен пријател. Птиците ви овозможуваат долгорочно дружење, а многу од видовите папагали може и да ве надживеат.
Социјална интеракција
Неодамнешните судии покажале дека чувањето птици ја поттикнува социјалната интеракција, која е важна за вашето ментално здравје. Прекрасно е да слушнете како ве поздравува вашиот миленик секогаш кога ќе се вратите дома од работа. Од една страна, постои интеракција со другите сопственици на миленици, како на пример комуникација на форуми и разменување меѓусебни искуства. Од друга страна пак, постои и интеракција со самите птици. Кога ќе почнете да остварувате меѓусебна комуникација, ќе сфатите колку може да ви биде интересен и забавен животот со нив.
Негување
Секој човек поседува основна потреба да се грижи и да негува некој. Така, родителите се грижат за своите деца, постарите браќа или сестри се грижат за помалите и слично. Доколку има некој недостиг во ова, домашните миленици ја пополнуваат потребата за да негувате некого. Птиците се особено добри за ова, бидејќи за да бидат здрави тие бараат многу лично внимание и интеракција со вас.
Емпатија
Секој миленик ја охрабрува емпатијата кај децата. Миленикот на кој може да му зборувате и кој разбира што чувствувате, прави подобро и полесно да ги разберете нечии мисли и чувства.
Помал стрес
Играњето и зборувањето со миленикот може да го намали нивото на стрес и вашиот крвен притисок, а секако, тоа е добро за вашето здравје. Што би можело повеќе да ве релаксира отколку тоа кога миленикот е до вас или пак кога двајцата се излежувате на каучот?
Го одржува здрав вашиот ум
Како што стареете, може да го намалите своето учење на нови нешта, а тоа може да ви го зголеми ризикот од рана деменција. Затоа, треба што е можно повеќе да го користите вашиот ум, а во тоа ќе ви помогне птицата на тој начин што ќе настојувате да ја научите некој нов трик и заедно ќе се забавувате. Оваа вежба на мозокот е подобра од кој било лек за подобрување на когнитивните функции.
Следни чекори
Кога последен пат ја научивте вашата птица да прави нови работи? Ако сѐ уште не сте биле доволно креативни, зошто да не се обидете сега? На Интернет може да најдете многу интересни и корисни активности, па можеби вашата птица ќе ја научите да ви слетува на раката без да се плаши.