Неверојатни фотографии ни покажуваат како гробишта за авиони станале дом на 3 семејства
Што се случува со авионите кога тие повеќе не се способни да владеат со небото? Авионите кои се премногу стари за летање најчесто се продаваат на делови, додека остатоците си добиваат свое место во околина која е позната како „гробишта за авиони“. Овие гробишта постојат насекаде ширум светот, а се составени од огромни и празни авионски трупови и тони метал.
Новинарот и фотограф, Тејлор Вејдмен, неодамна посетил едно од овие гробишта за авиони во Бангкок, Тајланд. Но, она што е навистина интересно за ова место не се самите авиони, туку луѓето кои живеат во остатоците. Овие 3 семејства едвај преживуваат во ова засолниште направено од трупот на 747 каде што имаат душеци и завеси кои самите ги направиле. Тие за пари собираат нешта кои можат да бидат рециклирани, а одвреме-навреме им наплаќаат на туристите и фотографите 100 бахти (околу 150 денари) за да ги разгледаат нивните домови.
Фотографиите кои ги направил Вејдмен ни покажуваат дека многу нешта земаме здраво за готово во нашиот живот. Особено во нашиот дом. Тие исто така и ни ја покажуваат креативноста на оние кои се во неволја, со тоа што успеале да трансформираат стари авиони во места кои ги нарекуваат свој дом. Погледнете како тие живеат во овие авиони…