Претходно
Неверојатни фотографии ни покажуваат дека бајките не знаат за години
Дека бајките не знаат за години, доказ се фотографиите на овој прекрасен пар од Кина. Иако има повеќе од 80 години, Џанг Јонгшенг е пример за романтична душа и неверојатно заљубен човек. Сакајќи да ја изненади и направи својата жена среќна, тој организирал фотосесија на која тие позираат облечени како познатите парови од бајките на Дизни.
Рекреирајќи ги најубавите моменти од добро познатите љубовни приказни, овој пар ја враќа вербата во љубовта и ни докажува дека таа едноставно не познава никакви граници.