Неверојатни формации на облаци кои наликуваат на пејзажи, луѓе, животни, птици…
Набљудувањето на облаците е еден од најдобрите начини да го поминете вашето слободно време во текот на пролетта и летото. Едноставно легнете на трева и дозволете ѝ на вашата имагинација да ги преземе вашите мисли додека барате познати форми и слики на небото.
Нашата тенденција да гледаме ликови или слики во „рандом“ објекти се нарекува пареиодолија. Познатиот астрофизичар Карл Саган теоретизирал дека оваа тенденција настанува поради способноста на нашиот мозок брзо да ги идентификува лицата на другите, дури и во лошо осветлување, притоа овозможувајќи ни да ги процениме и осудиме нивните емоционални состојби за само неколку секунди. Токму затоа во следниве фотографии од облаци сигурно ќе забележите многу познати нешта…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.