Неверојатни факти за мозокот кои ќе ве замислат
Мозокот е еден од најголемите и најкомплексните органи во човековото тело. Составен е од повеќе од 100 милијарди неврони кои комуницираат преку трилиони врски наречени синапси. Секој дел од мозокот е одговорен за одредена функција. На пример, делот кај вратот кој го поврзува ’рбетниот мозок со мозокот во главата е одговорен за основните функции како што се дишењето и спиењето. Предниот дел е одговорен за решавање проблеми, проценување како и за моторните функции, а делот кај слепоочницата – за помнење и слушање…
Голем дел од функциите на нашиот мозок сè уште се голема мистерија. Но, има неколку неверојатни научно докажани факти кои дефинитивно ќе ве замислат.
- Зевањето се појавува кога на мозокот му е потребно повеќе кислород. На тој начин го смирува и го разбудува.
- Мозокот е составен од околу 75% вода.
- На децата кои знаат два јазика до петтата година, им се променува структурата на мозокот и како возрасни имаат повеќе сива материја.
- Едно истражување спроведено во Њујорк на милион студенти покажало дека оние кои јаделе храна со многу адитиви и конзерванси имале послаби резултати на тестовите од оние кои јаделе поприродна храна.
- Додека сте будни вашиот мозок продуцира од 10 до 23 вати енергија – тоа е доволно енергија за напојување на сијалица.
- Машкиот и женскиот мозок не реагираат исто на болка, поради што двата пола различно ја перцепираат болката.
- Во првата декада од животот на детето, мозокот формира трилиони врски.
- Едно парче од материјата на мозокот со големина на зрно песок содржи 100.000 неврони и 1 милијарда синапси кои комуницираат помеѓу себе.
- Човековиот мозок е најбрзиот дел од телото, а понекогаш може да е составен и од 60% маснотии.
- Вашиот мозок употребува околу 20% од кислородот во вашето тело.
- Оние кои посетуваат музички часови имаат зголемени организациски и други способности.
- Информациите во вашиот мозок патуваат со брзина од околу 430 км на час, освен кога сте под дејство на алкохол – тогаш работите многу се успоруваат.
- Не постојат рецептори за болка во мозокот.
- Вашиот мозок престанува да расте на 18-годишна возраст.
- Прекумерниот стрес ги менува структура, функциите и ќелиите на мозокот.
- И покрај тоа што вашиот мозок е околу 2% од вашата тежина, троши 20-30% од калориите кои ги конзумирате.
- Секој неврон е поврзан со други неврони преку 40.000 индивидуални врски (синапси). Кога ќе помножите 100 милијарди неврони со 40.000 синапси, можете слободно да претпоставите дека големи се шансите во еден мозок да има повеќе врски отколку што има ѕвезди во универзумот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Зашто толку малку го користиме мозокот?