Неверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на животот
Овие факти не само што ќе ве воодушеват и остават без зборови, туку и ќе го променат начинот на кој гледате на светот и животот. Погледнете дел од најневеројатните научни факти кои постојат…
1. Ајкулите се постари од дрвјата
Дрвјата се на нашата планета некаде околу 350 милиони години, што и не е толку малку доколку го земете предвид фактот дека луѓето постојат околу 200.000 години. Од друга страна пак, ајкулите првпат се појавиле во океаните пред околу 400 милиони години. Тие се предатори на врвот од синџирот на исхрана и токму затоа имаат огромна улога во одржување на балансот во морскиот екосистем. За жал, нивното неверојатно наследство може да дојде до својот крај бидејќи луѓето убиваат и до 100 милиони ајкули секоја година.
2. Една лажичка од неутронската ѕвезда тежи повеќе од сите луѓе на Земјата заедно
Неутронските ѕвезди се остаток од масивни ѕвезди кои умреле и експлодирале во супернова експлозии. И покрај тоа што овие ѕвезди се многу мали, тие се неверојатно густи. Со дијаметар од само 22 километри, една ваква ѕвезда може да тежи 1,5 – 3 пати од тежината на нашето Сонце. Доколку би можеле да земеме само една лажичка од неа и да ја донесеме на Земјата, таа би тежела околу 10 милиони тони.
3. Постојат околу 9.600.000.000.000.000.000.000.000 (9,6 x 10^ 24) молекули вода во една чаша со вода
Со три атоми на секој молекул (2 водород, 1 кислород), има повеќе атоми во една чаша вода отколку што има чаши со вода кои би се наполниле од сите океани на Земјата. Оваа споредба не е ни приближно добра бидејќи една чаша вода содржи 10.000 пати повеќе атоми отколку што има чаши со вода на планетата.
4. Едно зрно прав е на половина пат од големината на Земјата до големината на протонот
Земјата е широка околу 12.740 километри во дијаметар. Протоните се субатомски честички кои се околу 8,4 x 10^-14 сантиметри во ширина. Разликата помеѓу овие две нешта е толку екстремна, што само една трошка прашина се наоѓа на средината од нивните големини.
5. Човековото тело е составено од околу 7.000.000.000.000.000.000.000.000.000 (7 x 10^27) атоми
Сите овие атоми заедно градат околу 10 трилиони (10 x 10^12) клетки од кои се составени сите ткива во нашето тело. Но, вашите клетки не се целосно сами во вашето тело…
6. Постојат 10 пати повеќе клетки на микроби отколку човекови клетки во вашето тело
Да, го прочитавте тоа точно! Постојат околу 100 трилиони микроби (бактерии, габи и археи) чиј дом е вашето тело. Овие микроби се клучен дел за соодветното варење на храната, вагиналното здравје, здравјето на кожата и уште многу нешта… И покрај тоа што се помал број, човековите клетки се многу поголеми. Тие се околу 10 – 100 пати поголеми од бактериите.
7. Вашето тело содржи доволно железо од кое може да се состави шајка со должина од 8 сантиметри
Исто така имате и доволно јаглерод за да составите 9.000 моливи. Всушност, доколку го претворите телото на еден човек во рудник и ги распределите во групи сите елементи кои го сочинуваат, тие би вределе околу 140 евра. Но, таа бројка би скокнала и до 40 милиони доколку ги поделите и коскената срж, органите, коските и другите ткива посебно.
8. Секој час, во Земјата удира доволно светлина која би можела да ги задоволи енергетските потреби на целата планета за 1 година
Исто така би биле потребни само околу 496.804 квадратни километри со соларни панели за да се собере оваа количина на енергија. Тоа звучи како многу, но доколку размислите колку покриви се празни и колку пространи пустини постојат, повеќе нема да ви изгледа толку многу.
9. Вие во моментов патувате со 1.770 километри на час додека Земјата се ротира околу својата оска
Но, тоа не е сè. Земјата исто така се врти и околу Сонцето со брзина од 108.000 километри на час. Нашиот Сончев систем патува со брзина од 70.000 километри на час во галаксијата, додека пак самиот Млечен пат се движи со неверојатни 780.000 километри на час во вселената. Но, што ќе се случи доколку вие не патувавте толку брзо?
10. Доколку Земјата во овој момент сопре, инерцијата ќе нè исфрли сите заедно со водата и копното на планетата нанапред
Земјата ротира со 1.770 километри на час и првиот Њутнов закон вели дека објектот во движење ќе остане во движење. Доколку планетата престане да ротира (не грижете се, нема да се случи тоа), сите луѓе, животни, растенија, почва и камења кои не се прицврстени за цврсто тло ќе бидат исфрлени и ќе продолжат да летаат нанапред сè додека силата на гравитацијата не повлече сè назад на Земјата.
11. Синиот кит не само што е најголемото животно кое постои во моментов на планетата, туку има големи шанси да е и најголемото животно кое воопшто некогаш живеело
Синиот кит може да порасне и до неверојатни 30 метри должина со тежина од преку 2.600 луѓе заедно. За да ја достигне оваа големина, тој има потреба да јаде и по неколку тони крил (вид школка) на ден. За жал овие гигантски суштества се на работ од изумирање бидејќи луѓето ги ловат. Сините китови исто така често се повредуваат од мрежи за риболов и се оставаат да умрат во водата или пак, се судираат со бродови.
12. Времето помеѓу постоењето на Стегосаурус и Тираносаурус рекс е поголемо отколку времето помеѓу Тирексот и денешниов ден
И покрај тоа што и двата вида се едни од најпопуларните диносауруси на сите времиња, тие никогаш немале можност да се запознаат еден со друг. Стегосаурусот живеел на крајот од периодот Јура, пред околу 150 милиони години и бил одамна изумрен кога се појавил Тирексот пред околу 83 милиони години во доцниот период Креда. Да, без разлика на тоа што ви велат Мајкл Крајтон и Стивен Спилберг, Тирексот воопшто не би требало да се наоѓа во парк наречен Јура.
13. Сите ние сме составени од ѕвездена прашина
Набрзо по Големиот експлозија (Биг Бенг), Универзумот бил направен само од водород и хелиум. Како што се формирале ѕвездите, тие почнале да создаваат нуклеарна фузија во нивните јадра, а со тоа и полека произведувале потешки елементи. Сите атоми на јаглерод, железо, калциум, азот и другите елементи кои се клучни за животот биле создадени во јадрото на ѕвездите. Овие состојки не само што се испуштаат за време на смртта на ѕвездата, туку и кога овие ѕвезди експлодираат во супернова, тие се распрскуваат низ целиот Универзум.
Со вакво благородно потекло, почнавте да се доживувате поинаку, нели?
Здраво,
да не претера малку со бројот на ајкулите? 100 милиони е навистина претерана бројка. Толку многу ајкули не постојат во водените длабочини, а камоли да се убиваат толкав број годишно.
Дури и да си го превела текстот од некаде, или е погрешен податокот или не си обрнала внималие на бројката.
Поздрав.
http://www.huffingtonpost.com/2013/03/06/100-million-sharks-killed-every-year_n_2813806.html