Неверојатни детали во цртаните филмови кои сигурно не сте можеле да ги забележите
Омилените цртани филмови прават да се чувствувате добро, особено бидејќи ја имаат моќта за миг да ве пренесат во среќното, безгрижно детство. Сега може да ви биде дури и позабавно доколку ги гледате заедно со вашите деца: заеднички ги дискутирате и откривате мали тајни. Но, се обложуваме дека сигурно не сте можеле да ги забележите деталите што ќе ви ги посочиме во продолжение.
1. „Воли“ (WALL-E)
Колкумина од вас забележавте дека Воли напуштајќи ја планетата, се држеше за првиот сателит лансиран од СССР?
2. „Ледено доба“ (Ice Age)
Многу од сликите што ликовите ги гледаат во пештерите за време на нивното патување се всушност прецизни копии на цртежи врежани во карпи, стари повеќе од 15.000 години.
3. „Убавицата и ѕверот“ (Beauty and the Beast)
Кога Лумиер, Когсворт и г-ѓа Потс имаат состанок, на ѕидот може да се види познатото уметничко дело – „Девојката со бисерна обетка“.
4. „Мадагаскар: Бегство во Африка“ (Madagascar: Escape 2 Africa)
Овој цртан изобилува со скриени пораки. На пример, кога Алекс ги поздравува жителите на Африка, можете да го забележите обликот на африканскиот континент вклучувајќи го и блискиот Мадагаскар на неговата шепа.
5. „Моана“ (Moana)
Килимот на ѕидот го прикажува Маршмелоу, страшното чудовиште чија задача е да го чува замрзнатото кралство на Елса.
6. „Аладин“ (Aladdin)
Ликот на Аладин бил базиран врз Мајкл Џеј Фокс („Враќање во иднината“). Поради неговото премногу младешко лице, продуцентите сепак се одлучиле ликот на Аладин да биде базиран врз Том Круз.
7. „Зоотопија“ (Zootopia)
На лизгалиштето можете да видите татко слон со неговите две ќерки облечени како Елса и Ана од „Замрзнатото кралство“.
Кога Џуди и Ник ќе пристигнат во нудистичкиот клуб, можете да ја видите познатата волшебна ламба на Аладин.
На информативната табла во тајната лабораторија можете да забележите пародија на фотографијата со „Тажниот Кијану“.
Доколку се забавувате откривајќи ги малите, скриени детали во омилените цртани филмови, можеби ќе сакате да направите тест каде е потребно да ја погодите бојата на објектите од популарните цртани филмови.
Извор: brightside.me