Неверојатни цитати од Стивен Хокинг по кои засекогаш ќе го помниме

Неверојатни цитати од Стивен Хокинг по кои засекогаш ќе го помниме

Професорот Стивен Хокинг, кој на јавноста ѝ е познат како еден од најдобрите физичари на нашето време, почина денес, на 14-ти март, на 76-годишна возраст. Хокинг го остави својот белег во физиката со неговото истражување за црните дупки и потеклото на универзумот, што многу ни го прошири разбирањето за Големиот прскот.

Неверојатни цитати од Стивен Хокинг по кои засекогаш ќе го помниме

Сепак, неговата слава се должи и на неговата болест – амиотрофична латерална склероза, како и неговата книга „Кратка историја на времето“ (A Brief History of Time). Иако никогаш не добил Нобелова награда, Хокинг има бројни други признанија и награди. Покрај тоа, луѓето кои не се занимаваат со наука често го знаат неговото име покрај Ајнштајн, Дарвин или Њутн.

Неговиот живот е прекрасна приказна за човек кој се соочил со најневеројатното и успеал да стане еден од најпознатите научници. Тој е, и ќе биде највлијателното лице на храброста и инспирацијата за следните генерации. Погледнете некои од неговите најубави цитати кои ќе ве инспирираат да размислувате пошироко и никогаш да не изгубите надеж.

Неверојатни цитати од Стивен Хокинг по кои засекогаш ќе го помниме

„Моите очекувања беа намалени на 0 кога имав 21 година. Сè оттогаш е бонус.“

„Иако не можам да мрдам и треба да зборувам преку компјутер, во мојот ум јас сум слободен.“

„Ние сме само напреден вид мајмуни на мала планета на просечна ѕвезда. Но можеме да го разбереме универзумот. Тоа нè прави нешто посебно.“

„Животот би бил трагичен ако не беше смешен.“

„Колку тешко и да изгледа, секогаш постои нешто што можете да го направите и да бидете успешни во тоа.“

Неверојатни цитати од Стивен Хокинг по кои засекогаш ќе го помниме

„Мислам дека компјутерските вируси треба да се сметаат за живи суштества… Мислам дека тоа кажува нешто за човечката природа – единствената форма на живот што ја имаме создадено е нешто деструктивно. Создадовме живот според нашиот лик.“

„Едно од основните правила на универзумот е дека ништо не е совршено. Совршеноста едноставно не постои… Без несовршеноста немало да постоиме ни јас, ни вие.“

„Најголемиот непријател на знаењето не е незнаењето, туку илузијата на знаење.“

„Проблемот кај паметните луѓе е тоа што им изгледаат луди на глупавите луѓе.“

„Важно е само ако не се откажете.“

Прочитајте ги и мудрите зборови на Стивен Хокинг за депресијата и животните тешкотии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар