Неверојатната приказна на петелот Бри и неговата сопственичка Камил

Неверојатната приказна на петелот Бри и неговата сопственичка Камил

Можеби сметате дека кокошките и петлите се само глупави животни и не можат да направат ништо што ќе ве изненади. Но, оваа прекрасна приказна за наоѓање љубов ќе ве остави во солзи.

Неверојатната приказна на петелот Бри и неговата сопственичка Камил

Камил живеела во Њујорк и еден ден додека одела на работа нашла пиленце. Не било постаро од 5 дена, па сигурно било напуштено или изгубено. Камил сфатила дека на малото животно му е потребна помош, па решила да се грижи з него. Таа знаела дека пиленцата се навистина чувствителни, па била свесна што ја очекува.

Неверојатната приказна на петелот Бри и неговата сопственичка Камил

Малечкото веднаш се смирило откако таа го земала во нејзините раце. Прво го однела на работа, а по неколку часови го однела и дома. Потоа, брзо и лесно се вљубила во него бидејќи сакало да заспива во нејзиниот џемпер. Решила да го одгледа.

Со текот на времето малото пиленце целосно се припитомило. Интересно е што се однесувало како и секое сочувствително животно. Кога Камил се чувствувала лошо и лежела на креветот во дневната, пиленцето секогаш ѝ легнувало на градите.

Неверојатната приказна на петелот Бри и неговата сопственичка Камил

Таа сфатила дека оваа посебна душа се поврзала со неа. Сепак, никој не вели дека сродните души доаѓаат само во човечка форма. Додека се мали, речиси е невозможно да го препознаете полот на пиленцето. Но, наскоро Камил сфатила дека Бри е петел. А токму овде приказната станува интересна.

Неверојатната приказна на петелот Бри и неговата сопственичка Камил

Петлите кукурикаат рано наутро, а ова може да биде проблематично за луѓето кои живеат во град. Во Њујорк не е дозволено да се чуваат петли во границите на градот.

Неверојатната приказна на петелот Бри и неговата сопственичка Камил

Речиси секој има слушнато или прочитано за луѓето кои едноставно ги напуштаат нивните миленичиња бидејќи не можат да се грижат за нив. Но, Камил се одлучила да не го слуша градот и продолжила да го чува нејзиниот пријател нелегално.

Неверојатната приказна на петелот Бри и неговата сопственичка Камил

Денес Камил и Бри живеат надвор од градот каде што тој ѝ помага во градината, ѝ прави друштво и спие до неа. Животот е многу поедноставен кога имате некој што навистина ве разбира. Малкумина наоѓаат вакви пријатели кај своите миленичиња.

Неверојатната приказна на петелот Бри и неговата сопственичка Камил

На нивен начин на постоење, миленичињата нè сакаат и ни покажуваат благодарност за вниманието што го добиваат од нас. Понекогаш можат да направат и грешки. Можат да пораснат премногу големи или воопшто да не ве слушаат. Но се минува низ сè. Никогаш не треба да го напуштите или да се откажете од миленичето и да го оставите во свет на кој не е навикнато или во кој нема да преживее. Сепак, милениците ни даваат безусловна љубов. Вистинска суровост е да ги напуштите после тоа.

Знаете ли за жената која спасила бумбар без крилја?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар